Почетна » Диети и фитнес » Фитнес » 10 вежби за поцврсто тело и повеќе енергија

10 вежби за поцврсто тело и повеќе енергија

Вежбањето треба да ве прави среќни и да ве исполнува со енергија. Додека вежбате во телото се ослободуваат ендорфини кои ви го подобруваат расположението.

Следниве вежби се идеален микс за да си ја зголемите енергијата пред вашата нормална сесија физичка активност или за да се расположите кога ќе ве нападнат негативни мисли.

Изберете си неколку или правете ги сите и без многу труд ќе си го зацврстувате телото додека си го враќате доброто расположение.

Вежба за зацврстување на телотоЗастанете потклекнати. Задникот нека ви биде поназад, а колената да не ви бидат понапред од прстите на нозете. Левата рака свиткана држете ја на висина на вашата половина (со прстите свиткани во тупаница), а десната испружете ја нагоре и налево преку главата (како на сликата).

Задржете се во таа положба додека не вдишете и издишете три пати. Потоа, променете ги рацете, т.е. десната свиткајте ја и донесете ја на висина на половината, а левата испружете ја за да се истегнете надесно. Вдишете и издишете три пати, па повторно истегнете се налево. Направете 12 повторувања со секоја рака.
Вежба за зацврстување на телотоПотклекнете и насочете го вашето тело надесно. Подигнете ги двете раце во положба како за боксирање (како на сликата.) Додека правите три чекори надесно, со десната рака „удирајте“ три пати пред вас. Кога ќе замавнете, тупаницата на раката треба да ви биде на висина на очите.

Потоа, свртете се на другата страна и додека правите три чекори налево, замавнете три пати со левата рака. Сменете ги страните 10 пати.
Вежба за зацврстување на телотоЗастанете со раширени нозе и потклекнете. Задникот нека ви биде нешто поназад, а колената не треба да ви бидат понапред од прстите на нозете. Прстите рацете свиткајте ги во тупаници. Левата рака свиткана зачувајте ја покрај телото, а десната испружете ја пред вас на ниво на градите (како на сликата).

Вдишете длабоко, а потоа издишете. Додека издишувате, набрзина повлечете ја десната рака кон себе, а со левата замавнете нанапред и исправете се. Повторете го истото замавнувајќи со десната рака. Направете 30-40 повторувања.
Вежба за зацврстување на телотоСкокнете со десната нога, а левата свиткајте ја и подигнете ја на висина на колковите. Десната рака превиткајте ја кај лактото под агол од 90° и подигнете ја нагоре, а левата рака потсвиткајте ја и однесете ја наназад, зад телото. Прстите на рацете треба да ви бидат свиткани во тупаници (како на сликата).

Приземјете се на двете нозе, така што левата ќе ја однесете еден чекор наназад. Сега левата рака треба да биде пред вас, а десната зад телото. Оттурнете се со левата нога од подот и повторно скокнете како првиот пат. Повторете ја оваа вежба 20 пати со подигање на левата нога и 20 пати со подигање на десната.
Вежба за зацврстување на телотоЗастанете исправени, стапалата поставете ги на иста ширина како рамената, а дланките на рацете ставете ги зад главата. Додека со горниот дел од телото се вртите налево, подигнете ја левата нога во висина на колковите (како на сликата).

Потоа, свртете го горниот дел од телото надесно, спуштете ја левата нога и подигнете ја десната. Повторете ја постапката повторно налево. Направете 30 повторувања (15 налево, 15 надесно).
Вежба за зацврстување на телотоЗастанете на левата нога, а десната свиткајте ја и подигнете ја доволно за да можете да ја фатите за глуждот со десната рака. Левата рака исправена подигнете ја нагоре (како на сликата).

Потскокнете еднаш в место, а потоа скокнете за да ги промените страните, т.е. приземјете се на десната нога, додека левата ја држите со левата рака. Потскокнете пак в место и повторно променете ги нозете. Направете 20 повторувања.
Вежба за зацврстување на телотоЗастанете исправени и опушете ги мускулите на телото. Започнете да скокате в место, не многу високо. Вдишете длабоко за време на првите пет скока, а потоа издишувајте бавно за време на вторите 5 скока.

Направете вкупно 100 скока в место Одморете се 30 секунди, а потоа направете уште една серија.
Вежба за зацврстување на телотоЗастанете исправени и левата нога поставете ја еден чекор пред од десната. Потклекнете така што левото колено да ви биде малку понапред од левиот глужд на ногата. Левата рака свиткајте под агол од 90° и насочете ја нагоре, а десната малку потсвиткајте ја и однесете ја зад телото. Прстите на двете раце свиткајте ги во тупаници (како на сликата).

Скокнете и приземјете се така што десната рака и десната нога да ви бидат напред. Повторно скокнете и приземјете се со левата рака и нога напред. Повторувајте го ова наизменично 20 пати, одморете се 30 секунди и направете уште една серија.
Вежба за зацврстување на телотоЛегнете на грб со рацете покрај телото, а дланките насочени кон подот. Подигнете ги нозете 15-20 сантиметри, без да ги свиткувате во колената. Поткренете ја главата, а брадичката вовлечете ја кон градите (како на сликата).

Започнете брзо да ги движите рацете нагоре-надолу (↕ 10 сантиметри). Вдишувајте додека ги правите првите пет движења, а издишувајте додека ги правите вторите пет движења нагоре-надолу. Направете вкупно 100 движења со рацете, одморете 30 секунди и направете уште една серија.
Вежба за зацврстување на телотоЗастанете исправени и рацете пуштете ги покрај телото. Стапалата треба да ви бидат на исто растојание како рамената. Скокнете на левата нога додека со десната нога и двете раце замавнувајте надесно. Десната нога подигнете ја колку што можете повисоко, без да чувствувате болка (како на сликата).

Потоа, скокнете на десната нога, а левата подигнете ја нагоре додека рацете ги движите налево. Направете 20 вакви наизменични скока.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11205 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.