• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

63 бели рози на 63 празни столчиња за 63 прекинати приказни: Кочани се сеќава на прерано згаснатите животи во „Пулс“

16 март 2026, 11:44
  • cподели

Денес, точно една година по кобната ноќ која засекогаш го промени ликот на Кочани и зави во црно десетици семејства, низ градот владее ненадминлива тага. Во Паркот на револуцијата, поставена е инсталација која го стега и најсилното срце.

63 празни бели столчиња стојат под отворено небо како визуелен споменик на младоста која прерано замина. Секое од нив претставува една прекината приказна, една неизживеана љубов и еден недовршен сон трагично згаснати во пожарот во дискотеката „Пулс“.

„63 бели столчиња, 63 имиња, 63 животи што недостигаат“ е пораката која силно одекнува. На секое од наредените столчиња е положена по една бела роза како моќен симбол за чистотата и невиноста на изгубените животи, а на секој наслон е испишано името на еден од загинатите. Пред овој „споменик на тагата“, отворена е и книга на жалост, во која делегациите и граѓаните можат да ги впишат своите последни поздрави кон оние чие физичко отсуство остави ненадоместлива празнина.

Симболична инсталација во Кочани за жртвите во пожарот во „Пулс“
Фото: Општина Кочани
Симболична инсталација во Кочани за жртвите во пожарот во „Пулс“

Родителите едногласно порачуваат:

63 бели столчиња.

63 имиња.

63 животи што засекогаш остануваат дел од нашата заедница.

Секое столче носи име, бела роза и тишина што зборува повеќе од зборови.

Празното место меѓу нив нè потсетува на празнината што остана во нашите срца.

Ова не се само столчиња.

Ова се 63 спомени, 63 приказни и 63 причини никогаш да не заборавиме.

Тивко присуство. Вечно сеќавање🕊️

Симболична инсталација во Кочани за жртвите во пожарот во „Пулс“
Симболична инсталација во Кочани за жртвите во пожарот во „Пулс“
Симболична инсталација во Кочани за жртвите во пожарот во „Пулс“

Со поставувањето на оваа трогателна, симболична инсталација, утринава во 8:45 часот започна одбележувањето на годишнината од катастрофата во која животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. Настанот, кој во заедничката тага ги обедини ужалените родители, пријателите и граѓаните, е во организација на Општина Кочани и Здружението „16 март 2025 Кочани“.

Симболична инсталација во Кочани за жртвите во пожарот во „Пулс“

Фото: Општина Кочани

Tags
пожарот во Пулс

Најнови

  • „Ако утре ме нема“, „Време за плачење“: Емотивниот концерт на Тамара Тодевска за ДНК и сите жртви во пожарот

    Mon, 03/16/2026 - 13:28
  • Утрото што не дојде

    „Останаа имиња што премногу рано станаа спомени“: Потресни стихови на Пере за „утрото што не дојде“

    Mon, 03/16/2026 - 12:50
  • 63 празни стилчиња во Кочани за загинатите во „Пулс“

    63 бели рози на 63 празни столчиња за 63 прекинати приказни: Кочани се сеќава на прерано згаснатите животи во „Пулс“

    Mon, 03/16/2026 - 11:44
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.