• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

6 типови на главоболки: Местото на болката ги открива причините и решението

7 февруари 2017, 15:02
  • cподели

Причините за главоболка не е лесно секогаш да се детектираат, особено кога се во прашање дехидратацијата или недостатокот од сон што може да бидат главните виновници зошто чувствувате како да ви удираат чекани по главата. Сепак понекогаш и не можеме потполно да сме сигурни зошто нè боли. Зад главоболките се кријат сериозни заболувања како што е високиот крвен притисок, крварењето во глава или тумор.

Главоболките се разликуваат од местото на болката, а ова се најчестите:

Главоболка

Се јавуваат на половина од главата

Многу е напорна и трае до 72 часа, но не е опасна. Болката пулсира од умерен до јак интензитет. Понекогаш може да биде причинител за мачнина како и пречувствителност на светло и на бучава.

Потребно е да земете едно апче против болки, веднаш кога ќе ги почувствувате првите симптоми и да мирувате во темна и тивка просторија.

Главоболка

Кружна болка преку челото и околу целата глава

Кај овие главоболки имате впечаток како некој да ве стега со обрач. Интензитетот е умерен, а најчесто се јавува од стрес.

Најдобриот лек е да ги затворите очите и малку да се одморите, а доколку имате повеќе време и да отспиете половина час.

Главоболка

Капакот ви е отечен и на таа страна од лицето чувствувате болка

За жал оваа главоболка знае да биде јака и може да трае и до цел месец. Се јавува во одредено време на годината, а пропратена е со затнат нос, црвенило на окото и отечен капак. За разлика од претходно наведените главоболки, овде помага зголемената раздвиженост, а не мирување.

Главоболка

Болка по должина на челото

Најверојатно се работи за главоболка што е предизвикана од воспаление на синусите.

Најдобрата помош е туширање со топла вода и инхалации.

Главоболка

Болка на задниот дел од вратот и темето

Воглавно се јавува за време на долго седење или евентуални проблеми со кичмата и вратот.

Направите неколку благи движења за да го раздвижите вратот, станете и протегнете се.

Главоболка

Болка на слепоочници

Неретко оваа болка е пропатена со болки во ушите како и потешкотии при отворање и затворање на устата (може да слушате и крцкање на вилицата). Обидете се со апче против главоболки, но доколку не ви помогне би било добро да се обратите на доктор.

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.