• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

6 модни трендови за шик празничен изглед

25 декември 2012, 13:56
  • cподели

Празничната сезона е совршен изговор за да ја извадите на виделина гламурозната дива што се крие во вас. Се разбира, тоа не значи да се накитите како светкава новогодишна елка со безброј блескави детали, туку со балансирано комбинирање да го истакнете најдоброто во вашиот вечерен стил на облекување.

За инспирација за претстојните вечерни забави, ви предлагаме неколку од најактуелните трендови за урбан и шик изглед.

Асиметрично здолниште

Празнични трендови

Асиметричните здолништа „високо-ниско“ експлозивно влегоа на модната сцена и добија кренати палци од модните зависнички желни за промени. Освен фустаните, не помалку модерни се и сукњите од ваков тип, кои најчесто се комбинираат со кошула или поедноставна маичка и долг ѓердан.

Едноставен фустан со накит „украсена јака“

Празнични трендови

И на најобичното фустанче кое долги години ви стои во плакарот можете да му дадете модерен изглед со зашивање на украсена јака, или пак, со помош на накит за на врат кој имитира јаки.

„Кожени“ панталони со впечатлива блуза/кошула

Празнични трендови

„Кожените“ панталони најпрво станаа селебрити тренд и без оглед на обликот на нивното тело, многу холивудски ѕвезди им отстапија место во своите плакари. Набрзо потоа, кожените панталони, кои во минатото беа отфрлани како моден грев, ги преплавија улиците и станаа „must-have“ модно парче за посилен вечерен изглед.

Фокус на панталоните

Празнични трендови

Дозволете им на панталоните да говорат гласно за вашето чувство за стил. Прескокнете ги здодевните црни панталони и изберете панталони со принт или во силна боја. Зачинете го аутфитот со неколку модни додатоци и ќе бидете спремни да лудувате до зори.

Пеплум фустан

Празнични трендови

Фустаните кои ставаат акцент на колковите ќе ја потенцираат тенката половина на која сте работеле во текот на изминативе месеци. Па, „пеплум“ фустаните се одличен избор за забавен почеток на новата година.

Блескав краток фустан и минимален накит

Празнични трендови

Сведете го накитот на минимум и изберете помалку впечатливи обувки и чанта ако одлучите да блескате со светкав фустан. Премногу блескавиот изглед воопшто не е привлечен за очите, а освен тоа ќе изгледа како да сте се труделе премногу да станете кралица на вечерта.

Трендови кои треба да ги имате на ум

  • „Златен“ накит. Накитот со златен сјај го достигна врвот на популарноста. Независно дали сте избрале црна, бордо, смарагдно зелена, бежова или кафеава комбинација, златниот накит секогаш ќе ја надополни со луксузниот ефект.
  • Чантичка како мала кутија. Малите чантички кои наликуваат на украсена кутија за накит се задолжителен моден додаток за вечерните забави.
Tags
нова година
нова година 2012

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.