• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

500 километри љубов: Свадбена бајка низ Македонија со потпис на Мартина и Петар

28 јули 2026, 13:14
  • cподели
Свадбата на Мартина и Патар

Нивната љубов започнала сосема ненаметливо, како колеги во иста компанија, во која со месеци се гледале само на пауза. Првото вистинско запознавање се случило во кафеана, а токму тогаш, како што раскажува Мартина, Петар успеал со само неколку зборови да ја сруши нејзината резервираност кон непознати луѓе. Најпрво ја освоиле неговите очи, а потоа и карактерот, па нивната приказна брзо прераснала во љубов.

Моментот кога сфатиле дека се создадени еден за друг дошол тогаш кога научиле да се разбираат и без зборови. Неколку години подоцна, гевгеличанецот кој работи во ИТ сектор ја изненадил охриѓанката која е електро инженер со романтично запросување покрај Балтичкото Море во Копенхаген. Иако од возбуда првиот одговор на Мартина бил: „Не, не ми се верува“, веднаш потоа следело и најважното „Да“.

Летово прославија со голема свадба исполнета со многу емоции, но и со многу километри. Од тргнувањето на младоженецот од Гевгелија, преку земањето на невестата во Охрид, па сè до свадбената прослава во Скопје, заедно со нивните најблиски поминале речиси 500 километри за само еден ден. За Фемина, среќната брачна двојка ги открива сите детали од нивното незаборавно свадбено патување.

Свадбата на Мартина и Патар
Свадбата на Мартина и Патар

Вашата свадба започна од Гевгелија, продолжи во Охрид, па заврши во Скопје. Колку беше предизвикувачки на самиот свадбен ден да се патува со венчаница, шминка, фризура...?

Самото патување беше голем предизвик, меѓутоа сето тоа помина во еден миг и од целиот адреналин и возбуда, воопшто не го ни чувствуваш патот и времето поминато во пат. Толку бев задоволна од сѐ, сѐ беше на свое место и беше токму онака како што сум замислила.

Сигурно не беше лесно ниту за гостите, кои доаѓаа од различни краеви на Македонија. Дали се двоумевте дали ваквата организација ќе им биде напорна или, напротив, сите со задоволство станаа дел од вашата несекојдневна свадбена приказна?

Сите оние кои биле секогаш до нас прифатија со задоволство да бидат дел од оваа свадбена приказна и ниту еден километар не им беше тежок да го поминат. На почетокот имав двоумење, меѓутоа Петар беше тој кој беше уверен дека сѐ ќе помине беспрекорно и дека може да се оствари една ваква организација.

Свадбата на Мартина и Патар
Свадбата на Мартина и Патар
Свадбата на Мартина и Патар
Свадбата на Мартина и Патар

Велите дека секој детаљ бил внимателно осмислен. Колку време ја планиравте свадбата и кој дел од организацијата ви беше најголем предизвик?

Свадбата беше планирана точно една година. Секој еден ситен детаљ беше моја замисла, од најситен детаљ како да изгледаат бонбоните со тортата, какви чаршафи да има, какви салфетки, до сите останати детали беа замислени од моја страна. Дури, имав и мој „timeline” со детален извештај кога точно и што треба да биде, испишана ми беше цела книга со секоја моја замисла. Толку сум се замарала, ама тоа беше најубавото планирање и повторно би го поминала истото. Бидејќи свадбата беше прошетка низ Македонија (се смее). Од Гевгелија доаѓаа во Охрид по невеста, по после се упативме во Скопје на венчавка и прослава, мораше сѐ да биде точно до минутка.

Од каде ја црпевте инспирацијата и кои детали ви беа најважни за денот да изгледа токму онака како што сте замислувале?

Инспирацијата беше од секаде, едноставно сето она што сум го гледала низ социјални мрежи, низ разни страници, беше склопено и преточено во една моја идеја и замисла што точно сакам. Најважно од сѐ ми беше јас и Петар да бидеме задоволни, да биде весело, да бидат гостите задоволни и тоа да биде најубавата вечер во нашите животи. Така и беше.

Декорациите беа целосно во бела и зелена боја, чаршавите на масите беа црни, и сето тоа толку ми се вклопи во целиот амбиент да изгледа, елегантно, одмерено и луксузно на мој начин. Атмосферата беше на врвот на задачата, сите гости беа весели, а највесел момент е огнометот и кулата од шампањ негде на средина од вечерта како наше изненадување до сите гости. Сите беа воодушевени. Секако дека имаше и тапани и народно и качување на тапан, без тоа не би поминала ниедна свадба, меѓутоа по мој вкус, гледав да биде што е можно позабавно застапено. Букетот исто така носеше посебна приказна, моите омилени цвеќиња и беа испишани нашите имиња и нашиот посебен датум.

Свадбата целосно го одрази нашиот карактер и нашата приказна, токму она што сме ние, секој кој не познава кажа дека токму вакво нешто и се очекуваше од нас. Целосната доверба за организација, и дома кај мене украсување и во црква, ресторан беа препуштени на мене, и секоја ситница од собата на невестата, до мојата прекрасна тераса со поглед на цело Охридско Езеро, секоја декорација беше моја замисла.

Свадбата на Мартина и Патар
Свадбата на Мартина и Патар
Свадбата на Мартина и Патар

Како ја избравте венчаницата и дали од самиот почеток знаевте каков модел сакате? Имавте ли и втор фустан за прославата?

Венчаницата ја избрав релативно брзо, со оглед на тоа што во животов точно знам што сакам и како сакам, мојата замисла беше многу јасна, а кога го здогледав фустанот одма знаев дека тоа е токму оној од моите соништа. Моето семејство беше тоа што одобри, па така изборот беше лесен. Втората венчаница ја шиеше мојата свекрва и беше прекрасна и со посебно значење за мене.

Свадбата на Мартина и Патар

Како ги доживеавте свадбените обичаи, кој момент беше најемотивен?

Нашата прослава се одржа во Скопје, ресторан „Ксантика“, на отворено во нивниот најубав двор. Како што кажав, прво од Гевгелија доаѓаа до Охрид по невеста, па се упативме во Скопје на венчавка во Соборен храм, па граѓанското венчавање беше во ресторанот и потоа следеше прославата. Имаше многу посебни моменти за мене... венчавката во црква е токму оној момент кога не можеш да ги сопреш солзите, тогаш чувствуваш само благодарност за сѐ околу тебе. После црквата, имавме пуштање на бели гулаби, како симбол на вечна љубов, мир и нов почеток.  Нивниот лет пред храмот беше прекрасна порака за новото поглавје кое го започнавме заедно. Исто така моментот кога татко ми ме испрати до матичното и ме предаде на мојот животен сопатник, тоа беше оној момент кој вечно ќе се памети.

Исто така и првиот танц беше еден посебен момент, танцот беше пробан три пати, со кореографија. Со Петар имавме спротивставени мислења за првиот танц, јас сакав да биде спонтано, а тој сакаше да има посебна кореографија, бидејќи мојот фустан беше предолг, мораше да избегнеме неколку вртења кои беа планирани, па минутки пред танцот се договаравме како да биде. Тоа беше позитивен стрес.

Свадбата на Мартина и Патар

Сега, кога свадбата е зад вас,  кое е најубавото чувство кое ви остана од тој ден и каков совет би им дале на идните младенци кои се подготвуваат да го кажат судбоносното „да“?

Чувството на среќа, радост, благодарност. Прво, благодарност за човекот кој е покрај тебе, а после благодарност за сите луѓе околу тебе кои присуствуваат на твојот посебен ден. Мојот совет до идните младенци е дека денот ќе помине побрзо отколку што можете да замислите, но спомените ќе останат засекогаш. На крајот, нема да се сеќавате дали сѐ било совршено - ќе се сеќавате колку силно сте се сакале и колку среќа сте споделиле со најблиските. Ви посакувам секој до вас да ја пронајде својата љубовна приказна и еден ден со истата радост да каже: „Вредеше секоja секунда.“.

Свадбата на Мартина и Патар
Свадбата на Мартина и Патар
Свадбата на Мартина и Патар
Свадбата на Мартина и Патар
Свадбата на Мартина и Патар
Свадбата на Мартина и Патар
Свадбата на Мартина и Патар

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
свадба
свадбена приказна

Најнови

  • „3 години без твојата прегратка“: Ана Костадиновска со семејни фотографии на годишнината од смртта на татко ѝ Кире Костов

    Tue, 07/28/2026 - 13:28
  • Свадбата на Мартина и Патар

    500 километри љубов: Свадбена бајка низ Македонија со потпис на Мартина и Петар

    Tue, 07/28/2026 - 13:14
  • Антониа Гиговска

    Антониа Гиговска згодна убавица во разиграна пастелна креација

    Tue, 07/28/2026 - 12:37
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.