• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

5 работи кои можеби не сте ги знаеле за порното

31 март 2011, 11:10
  • cподели

Порно индустријата им стана интересна тема за проучување на многу истражувачи. Подолу прочитајте дел од најинтересните заклучоци од досега направените истражувања за порното.

Маж гледа порноСите, ама буквално сите мажи гледаат порно
  1. Сите, ама буквално сите мажи гледаат порно. Истражувачи од Универзитетот Монтреал сакале да проучат како порно филмовите влијаат на животот и размислувањата на мажите. Но, за да го направат тоа, било потребно да најдат мажи кои никогаш не гледале порно, па потоа да ги споредат со останатите. Истражувањето пропаднало уште пред да започне затоа што научниците не можеле да пронајдат ниту еден млад маж кој не гледал порно.
  2. Жените се возбудуваат и на секс меѓу мајмуни. Истражувачи од Универзитетот Нортвестерн им покажувале еротски филмови на група мажи и жени. Шест од филмовите биле со луѓе, а седмиот со бонобо мајмуни. Истражувањето покажало дека мажите точно знаат што ги возбудува, т.е. хетеросексуалците се возбудувале кога гледале жени, хомосексуалците кога гледале мажи. Кај жените било сосема различно. Иако самите не признавале дека се возбудени, кај жените била забележана физичка сексуална возбуда кога гледале филмови во кои однос имале мажи со жени, мажи со мажи и жени со жени, а и бонобо мајмуни.
  3. Кога гледаат порно, мажите најмногу се фокусираат на... нема да ви се верува... лицето на жените. Мажите не се фокусираат најмногу на задникот или градите, туку на усните и очите на порно актерките. За да стигнат до овој заклучок, истражувачите од Универзитетот Индијана го следеле погледот на мажите додека гледаат порно филм. Научниците сметаат дека мажите се фокусираат на лицето за да видат колку се возбудени жените.
  4. Контрацептивните пилули влијаат на сексуалната возбуда на жените. Во рамките на истражувањето на Универзитетот Индијана било заклучено дека жените кои не примаат контрацептивни пилули повеќе се концентрираат на гениталиите на учесниците во порното. Од друга страна, жените кои земаат контрацептивни пилули повеќе се интересираат за позадината зад актерите или за нивната облека.
  5. Повеќето мажи првпат гледаат порно на 10 години. Истражување на Универзитетот Монтреал покажало дека најголем дел од мажите за првпат гледаат порно на возраст од 10 години.
Tags
порно

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.