• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

4-годишно девојче кое чекаше 1.025 дена за трансплантација на срце конечно си замина дома

22 април 2024, 11:09
  • cподели

Мало девојче кое по долго чекање доби ново срце конечно си замина дома, а моментот од напуштањето на болницата беше овековечен со фотографии.

Имено, 4-годишната Арктура чекала 1.025 дена за конечно да ѝ биде трансплантирано срце од донор. Таа беше оперирана на 29 март, а сега во добра здравствена состојба ја напушти болницата во Тексас.

„Го сакам моето ново срце“ – рекло слаткото девојче, кое со нетрпение чекало повторно да го посети локалниот парк. Таа беше испратена од болница со поддршка и аплауз.

Арктура Арктура Арктура

„Го чекавме ова срце 1.025 дена. Трансплантацијата беше на 29 март, а во 6 часот и 17 минути ни кажаа дека нејзиното ново срце започна да чука“ – изјави нејзината мајка.

„Ќе речам дека тоа беше веројатно првпат од ноември 2021 година, ние да се чувствувавме како да можеме да дишеме повторно“ – дополнила таа.

Арктура Арктура

Арктура е родена на 1 април 2020 година со конгенитална срцева маана. Првите седум месеци, таа морала да ги помине во болница под постојан надзор, по што ѝ била направена операција.

Како што растела, трикуспидалната валвула на Арктура не се формирала како што треба, предизвикувајќи проблеми со протокот на крв низ срцето. Нејзиното срце се зголемило во обем, што довело до потешкотии и во работењето на белите дробови. Извесен период, родителите забележувале дека симптомите се влошуваат и дека таа повраќа и тешко дише, па веднаш ја одвеле во болница. За жал, нејзиното мало срце почнало да откажува.

Храбрата хероина чекаше речиси три години за ново срце и конечно доби втора шанса за живот. Трансплантацијата траела 8 часа.

Арктура Арктура Арктура Арктура
Арктура Арктура Арктура Арктура

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.