• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„33 лета, две деца и згоден маж“: Софија Спасов прослави роденден со торта по желба на ќеркичката и круна на главата

16 октомври 2026, 10:46
  • cподели

Софија Спасов го прослави 33-тиот роденден.

Сопругата на македонскиот актер Јаков, кој е син на Драган Спасов Дац, направи преубава прослава во двор со најблиските.

Шарени балони, декорации со цвеќиња во различни бои, диско топки и честитки дизајнирани од нејзината постара ќерка... славеничката со круна на главата уживаше во својот посебен ден.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sofija Spasov (@sofijawithaj_)

Тортата, на која Софија ги дувна свеќичките со број 33, беше декорирана со еднорог, маче, камин, маче, Далматинец, куче, пеперутки, слики.. сѐ тоа по желба на нејзината ќеркичка Гаиа.

„33 лета, две деца, згоден маж и (скоро) цела фамилија на куп! Благодарна што постоите и што ве имам ♥️ ве сакам најмногу“ – напиша Софија.

Неодамна, во интервју за Фемина, Спасов зборуваше за мајчинството и за предизвиците со кои се соочува секоја нова мајка.

„Искрено, како и секоја жена што станува мајка за првпат, и јас на почетокот бев од памет извадена. Се изгубив во правила, совети, стандарди и туѓи искуства, до точка кога повеќе не знаев што навистина чувствувам јас и што му треба на моето дете.

Еден ден само си реков: ‘Доста е’. Почнав да се слушам себеси и моето дете. Сфатив дека секоја мајка, секое дете и секое семејство се уникатни и дека не постои едно универзално правило како е да си совршен родител.

Искрено, на некој начин ми е полесно со две деца отколку што ми беше со едно. Можеби звучи чудно, но со доаѓањето на второто дете, многу работи ми станаа појасни и полесни. Со две деца си ги намалив очекувањата на нула – хаха – и тоа ми донесе огромно олеснување.

Ја тргнав илузијата дека нешто мора: дека мора секогаш да има зготвен ручек, дека мора дома да биде совршено средено, дека мора да се стигне насекаде и дека јас морам сè да постигнам. Кога го тргнав тој притисок, мајчинството стана многу пореално и многу поподносливо“ – сподели Софија.

Tags
Софија Спасов

Најнови

  • „33 лета, две деца и згоден маж“: Софија Спасов прослави роденден со торта по желба на ќеркичката и круна на главата

    Fri, 10/16/2026 - 10:46
  • „Сон ми е да бидам дел од ревијата на Victoria’s Secret“: Андријана Илиоска за модната кариера која ја одведе до Милано, Париз и Кина

    Fri, 10/16/2026 - 10:36
  • „Почивај во мир, ангелу македонски, и ти благодарам“: Перо Камиказа за првата средба со Тоше, сподели и необјавени фотографии

    Fri, 10/16/2026 - 09:26
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.