• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

25% од Американците би се откажале од $1.000.000 за да имаат убаво тело

26 мај 2011, 14:24
  • cподели

Дебелината е еден од најголеми проблеми со кои се соочува населението во Америка. Па, не е воопшто чудно што најновото истражување покажало дека четвртина од луѓето би се откажале од милион долари за да имаат убаво тело.

„Убаво тело цел живот или лотарија со добивка од 1 000 000 долари?“ – тоа било прашањето кое им било поставено на 1000 Американци. Секој четврти одговорил дека повеќе би сакал да има тело од соништата отколку да биде богат.

Убаво тело25% од Американците би избрале убаво тело пред 1 000 000 долари

Но, Американците за витка линија не би се откажале само од пари, туку и од младешкиот изглед. Половина од испитаниците изјавиле дека претпочитаат да имаат тело со идеална тежина отколку да бидат 5 години помлади.

Истражувањето спроведено од Kelton Research дошло и до следните заклучоци:

  • Четвртина од жените сакаат да имаат тело како на Џенифер Лопез или Хали Бери.
  • Половина од мажите сакаат да го имаат телото на Метју Меконахи.
  • Мишел Обама има најубави раце од славните жени, а Вин Дизел има најпривлечни раце од мажите.
  • 50% од луѓето кога се здебелуваат имаат помалку енергија, а 25% се и под поголем стрес.

Проценето е дека во САД во моментов 66% од луѓето се со прекумерна телесна тежина, односно дебели.

Најнови

  • Sundance

    Летниот производ од SUNDANCE што сите го бараат: врвна заштита од сонцето за само 349 денари

    Tue, 06/23/2026 - 13:19
  • Пајак

    „Не сум можел да зборувам, не можев да речам 'мама', но мајка ми е крива што денес зборувам“: Пајак за пречките во говорот

    Tue, 06/23/2026 - 12:38
  • „Лилјани“, емоции и солзи: Босанските навивачи се хит на Светското првенство

    Tue, 06/23/2026 - 12:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.