• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

25 години од првата бајпас операција во Македонија: Со Коста Шапков почна да се испишува историјата на „Жан Митрев“

4 април 2025, 00:09
  • cподели

Во далечната 2000 година Коста Шапков беше 55-годишен машинобравар. Сега има речиси 80 години, се радува на своите внуци и на секој нов ден. Први март 2000 година, 16 часот се денот и часот кои тој вечно ќе ги памети, како почеток на неговиот втор живот. Шапков беше првиот пациент во Клиника Жан Митрев, кога врз него беше изведена првата бајпас операција во Македонија.

Пред неколку години, Шапков скромно изјави дека „некој морало да биде прв“.

„Ете, мене така ми се погоди. Не се надевав дека со мене и моето име ќе се испише историјата“, рече Шапков.

Жан Митрев Клиника Жан Митрев Клиника Жан Митрев Клиника

И основачот на клиниката, д-р Жан Митрев, овој датум и овој час ќе го памети вечно, бидејќи тогаш се ставија темелите на тогашната Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“, која подоцна прерасна во Клиника Жан Митрев, а тој ја изведе првата бајпас операција. Зафатот траеше повеќе од четири часа и заврши успешно, а во една прилика, д-р Жан Митрев изјави дека оваа операција била неговата најтешка, опишувајќи ја како „операција на духовното срце на Македонија“ и реализација на една визија, означувајќи нова ера во македонската кардиоваскуларна хирургија.

Жан Митрев Клиника

Кочанчанецот Шапков во далечната 2000 година почувствувал болка во градите, веднаш се упатил во болница и бил препратен во Скопје. На скопската клиника му било кажано дека таква интервенција не може да се направи и како опција му била препорачана Бугарија.

„Таму јас не можев да одам, а веќе имав чуено за д-р Жан Митрев и сакав да се оперирам кај него. И по некое време навистина добив телефонски повик, да дојдам и да почнам со испитувањата. Кога дојде д-р Жан Митрев, ми рече, Коста, тебе прв ќе те оперираме, работата е критична. Јас реков оперирајте, мора некој да биде прв“, раскажа Шапков.

Оттогаш поминаа 25 години, а оваа визија продолжи да се развива, со што Клиниката Жан Митрев се етаблира како лидер во медицинската иновација и врвната здравствена нега во регионот.

Во 2002 година, клиниката ја изведе првата операција на отворено срце врз буден пациент, што исто така претставуваше значителен напредок во медицинската пракса. Понатаму, продолжија да се бројат успесите, иновациите и воведувањето нови напредни медицински технологии. Годинава, Клиника Жан Митрев одбележува 25 години постоење, а срцето на првиот пациент сѐ уште силно чука, како сведок на почетокот на првото отворање на вратите на хируршките сали кои ќе ја сменат иднината на кардиоваскуларната хирургија во Македонија.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.