• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

2 во 1 – чоколадо што се бори против брчки

22 мај 2010, 12:36
  • cподели

Ах, чоколадо... Жените го обожаваат и страдаат кога мора да се лишат од него за да ја зачуваат убавата фигура. Многу истражувања досега го потврдија позитивниот ефект што го има чоколадото за намалување на срцевите болести и спречување на мозочен удар.

Секојдневно научниците се обидуваат да пронајдат начин на кој што чоколадото ќе ни достави поголемо задоволство, подобро здравје, а помалку калории. Нивната инвентивност оди дотаму што откриваат и како да ни донесат други бенефиции, освен големото задоволство и здравје.

Чоколадо против брчкиЧоколадото Acticoa, коешто помага против стареење на кожата.

Замислете си, веќе има чоколадо кое се бори против брчки. Истражувањата покажале дека само две коцкички од ова чоколадо дневно можат да го забават процесот на стареење и да ја зачуваат кожата мазна и без брчки.

Тајната на ова чоколадо е што содржи многу антиоксиданси коишто ги убиваат слободните радикали создадени од пушењето, загадувањето и кофеинот, кои се најголеми виновници за забрзување на процесот на стареење.

Чоколадото се нарекува Acticoa и го произведува една од најголемите компании за производство на чоколадо. Од компанијата тврдат дека 20гр. од ова чоколадо дневно делуваат превентивно против брчките и ја прават кожата сјајна со поголема еластичност и хидратација.

Звучи премногу добро за да биде вистинито.

Најнови

  • „Кој ги уби тие деца?“: Емотивниот говор на Игор Џамбазов за жртвите во пожарот во Кочани на „Златна бубамара“

    Mon, 03/09/2026 - 19:40
  • Колекција на Зухаир Мурад

    Софистицираност на максимум: Зухаир Мурад плени со колекција за тајните на париските ноќи

    Mon, 03/09/2026 - 16:52
  • Fashion Weekend Skopje

    32 сезони подоцна: Модата како културна архитектура

    Mon, 03/09/2026 - 13:07
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.