• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

15 работи кои ги зголемуваат шансите за развод

16 јули 2010, 10:57
  • cподели

Што влијае врз среќата во бракот и што влијае врз тоа луѓето во брак да не можат да останат заедно до крајот на животот е тема на многу истражувања. Новинарката и писателка Анели Руфус по опсежна анализа на многу истражувања успеала да издвои 15 знаци што ги зголемуваат шансите за развод.

РазводАко сте жена и сте се омажиле пред 18 години, има 48% можност вашиот брак во рок од 10 години да заврши со развод.
  1. Ако сте жена и сте се омажиле пред да наполните 18 години, има 48% можност вашиот брак во рок од 10 години да заврши со развод.
  2. Ако сте жена која сака да има дете многу повеќе од вашиот сопруг, тогаш два пати е поголема веројатноста дека вашиот брак ќе заврши со развод, во споредба со браковите во кои сопрузите се едногласни за тоа дали сакаат дете или не.
  3. Ако имате два сина, вашите шанси за развод се 36,9%, а ако имате две ќерки, шансите за развод се зголемуваат до 43,1%.
  4. Ако сте маж со високо ниво на тестостерон, имате за 43% поголеми шанси да се разведете, во споредба со мажите со ниско ниво на тестостерон.
  5. Ако вашето дете е дијагностицирано со Attention Deficit Hyperactivity Disorder (ADHD), веројатноста да се разведете додека вашето дете наполни 8 години е за 22,7% поголема во споредба со родителите чие дете го нема ова нарушување.
  6. Ако не сте се смееле кога ве сликале како дете, вашиот брак е поверојатно да заврши со развод, отколку ако сте се смееле силно.
  7. Ако сте во брак, но сте живееле претходно со друг партнер, тогаш двојно ви се зголемуваат шансите за развод, во споредба со лицата кои никогаш немале заеднички живот со друг партнер.
  8. Ако сте изгубиле дете по 20-тата недела од бременоста, за време на породувањето или кратко време по породувањето, шансите да доживеете развод се за 40% поголеми.
  9. Ако сте жена кај која неодамна е дијагностициран рак или мултиплекс склероза, вашиот брак е 6 пати поверојатно да заврши со развод, отколку ако истите болести се дијагностицирани кај вашиот маж.
  10. Ако сте жена од белата раса и сте разделени од вашиот сопруг, постои веројатност од 98% дека ќе се разведете. Кај жените со шпанско потекло, тој процент изнесува 80, а кај црнкињите процентот се намалува до 72.
  11. Ако сте танчер или кореограф, шансите дека ќе се разведете се 43,05%, ако сте математичар – 19,15%, а ако сте тренер на животни – 22,5%.
  12. Ако сте фармер, шансите за развод ви се 7,63%, а нуклеарен инженер – 7,29%.
  13. Ако вие или вашиот сопруг сте доживеале повреда на мозокот, шансите вашиот брак да заврши со развод се 17%.
  14. Кај жените од црната раса, првиот брак има 47% веројатност да заврши со развод во првите 10 години, кај жените со шпанско потекло тој процент е 34, кај жените од белата раса – 32 и кај жените со азиско потекло – 20.
  15. Ако сте жена што работи во војската, вашиот брак има 250% поголема веројатност за развод, отколку ако вашиот сопруг активно работи во војска.
Tags
развод

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.