• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

100% твој дом! Откриј ја услугата за внатрешен дизајн во салоните на Прима

29 февруари 2024, 08:00
  • cподели

Внатрешниот дизајн станува сè попопуларен бидејќи луѓето сѐ повеќе ја препознаваат вредноста што професионалните дизајнери на ентериер ја носат во создавањето функционални, естетски и удобни простори кои ги задоволуваат потребите и желбите на нивните клиенти. Тоа е вистинска инвестиција во иднината бидејќи убавите ентериери носат задоволство и долгорочни придобивки за подобрување на функционалноста на просторот и зголемување на вредноста на имотот. Затоа Групацијата Прима им ја нуди на своите клиенти услугата на дизајн на ентериерот.

Прима дизајн на ентериер

Што е дизајн на ентериер?

Секој заслужува да живее во атрактивно уреден простор кој секојдневно носи радост и удобност и кој е одраз на вашата личност и стил. Задачата не е лесна, но со помош на професионалци како Стефани Дервишагиќ, дизајнер на ентериер во Групацијата Прима, ниту една идеја не е невозможно да се реализира.

Прима дизајн на ентериер

„Услугата на дизајн на ентериер е целосно прилагодена на вашата визија и индивидуални потреби. Дизајнот е моја страст, а секој ентериер е нов предизвик“ – изјави Стефани. Нашите професионални и посветени дизајнери на ентериер ќе ви помогнат да го најдете идеалното решение за вашиот ентериер во обемната понуда на Прима, без оглед на стилот, големината на буџетот и квадратурата што ја имате на располагање.

Прима дизајн на ентериер

Како се нарачува услугата за дизајн на ентериер?

„Услугата за внатрешен дизајн е достапна во сите наши салони низ Македонија, а дизајнирана е да го олесни патот до идеалното решение кое најдобро одговара на сите желби и потреби“ - истакнува Стефани.

Во сите салони на Прима ве очекуваат дизајнери на ентериер, со чија професионална помош може лесно да ја реализирате вашата визија за совршен ентериер.

Прима дизајн на ентериер

Какви простори уредуваат дизајнерите на ентериер на Прима?

Комплетен дом, проект за спална соба или само кујни, викендици, апартмани, канцеларии, хотели или деловни простории - не постои ентериер кој нема да ја заинтригира имагинацијата на нашите дизајнери.

Прима дизајн на ентериер

„Сакам кога клиентот ми кажува какви бои, текстури и стилови сака и кои се неговите потреби, а фотографиите кои го инспирираат се секогаш добредојдени“ - вели дизајнерката Стефани.

Нашите дизајнери ќе ја пренесат вашата внатрешна визија во идејно решение и ќе ве водат низ целиот процес.

Прима дизајн на ентериер Прима дизајн на ентериер

Колку клиентот е вклучен во процесот на внатрешниот дизајн?

Индивидуалниот пристап кон секој клиент е почетната точка на услугата за внатрешен дизајн, а секој ентериер е резултат на заедничка соработка.

„Понекогаш клиентите мислат дека ќе им го уредам домот во универзален стил или според своите преференции, но тоа не се случува бидејќи меѓу нас имаме континуирана комуникација. На крајот, пред да започнеме со каква било работа, тие го одобруваат предложеното решение. Сакам да ја оправдам укажаната доверба и да го воодушевам секој клиент со моето решение“ – открива Стефани. 3Д решението се изработува во CAD систем што овозможува детална 3Д претстава на новиот простор за живеење како и просторен план за мебелот и украсите.

Прима дизајн на ентериер Прима дизајн на ентериер Прима дизајн на ентериер

Што вклучува услугата и која е нејзината цена?

Процесот на внатрешен дизајн се состои од неколку едноставни чекори, а цената на услугата е ден/м2 простор:

  • Контакт со салонот
  • Запознавање
  • Договарање на услугата
  • Одење на терен и мерење на просторот
  • Предлог-идејно решение
  • Нарачување мебел и декорација
  • Надзор на испорака и инсталација
  • Декорирање
  • Завршна посета

Погледнете ги примерите за внатрешен дизајн:

Прима дизајн на ентериер Прима дизајн на ентериер Прима дизајн на ентериер Прима дизајн на ентериер Прима дизајн на ентериер Прима дизајн на ентериер Прима дизајн на ентериер Прима дизајн на ентериер Прима дизајн на ентериер Прима дизајн на ентериер Прима дизајн на ентериер Прима дизајн на ентериер Прима дизајн на ентериер Прима дизајн на ентериер

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.