• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

10 секс потези кои сите жени ги посакуваат

19 декември 2011, 16:07
  • cподели

Возбудата ги понесува мажите за време на секс и тие често забораваат на потезите кои навистина ја зголемуваат сексуалната возбуда кај жените и ги носат поблиску во „врвот“. Познатото женско списание Cosmopolitan спроведе анкета со цел да ги открие нештата кои жените сакаат нивниот партнер да ги прави в кревет. Еве ги десетте најпопуларни:

Пар во кревет
  1. Умерена агресивност. Тоа значи да го гали и држи нејзиното тело цврсто и со самодоверба. На пример, да ѝ ги држи рацете над главата додека се во мисионерска поза.
  2. Бакнежи за време на секс. Многу мажи престануваат да ја бакнуваат својата партнерка по започнувањето на сексуалниот однос. Но, бакнувањето ја зголемува интимноста, која ја посакува секоја жена.
  3. Допирање на клиторисот. Повеќето жени не можат да достигнат оргазам без стимулација на клиторисот, па нормално е да посакуваат малку двојно задоволство.
  4. Оргазам со орален секс. Оргазмот предизвикан од орален секс носи поразлични сензации од пенетрацијата и од оргазмот при стимулација со прсти.
  5. Подгризнување на вратот. Кожата на вратот е многу чувствителна и затоа бакнувањето и нежното подгризнување може да ја наежи секоја жена.
  6. „Валкано“ зборување. Сепак, кога станува збор за зборувањето в кревет, мажите не треба да учат од порно филмовите, туку да опишуваат колку се возбудени, колку го посакуваат телото на својата партнерка и сл.
  7. Нежно влечење за коса. На скалпот има многу нервни завршетоци, а кога жената е возбудена тие се уште почувствителни, па нежното влечење на косата делува стимулирачки.
  8. Изненадување „набрзина“. Жените сакаат кога нивниот партнер неочекувано ќе скокне за брз секс, затоа што во тој момент се чувствуваат како тој да не може да им одолее.
  9. Стимулација на Г-точката. Со упатства од страна на својата партнерка, секој маж треба да се труди да пронајде најдобар начин за да ја стимулира нејзината Г-точка.
  10. Поголемо внимание на градите. Често мажите им обрнуваат многу внимание на женските гради само во текот на предиграта, но не и за време на сексуалниот чин. Допирот на женските гради за време на секс може да резултира со уште поинтензивен оргазам.
Tags
секс
секс истражувања

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.