• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Проблеми во врската

10 правила за фер љубовни расправии

14 јуни 2011, 12:03
  • cподели

Во секоја вистинска врска се раѓаат конфликти. Кавгите, расправиите и несогласувањата се нормална појава која може да придонесе или за зацврстување на врската или за оддалечување на партнерите и трупање на презир и негативни емоции.

Паровите се расправаат за сè е сешто. Понекогаш станува збор за мали проблеми, како несогласување каде и со кого да излезат, а понекогаш причина за кавга се посериозни теми, како љубомората во врската, парите и сл.

РасправијаНе се повлекувајте од расправиите. Останете додека не постигнете каква-таква согласност

Независно од тоа за какво недоразбирање се работи, сите парови треба да знаат како да ги решаваат конфликтите ефективно и фер, за да дојдат до решение на проблемот, а притоа ниту еден од нив да не остане со впечаток дека е надитрен, навреден или оштетен.

Почитувајќи ги следните правила, ќе можете да го постигнете токму тоа – фер расправија:

  1. Не смеете да градите „ѕид“ помеѓу вас. За танго се потребни двајца, а истото важи и за љубовните расправии. Не смеете да се повлечете и да поставите невидлив емотивен „ѕид“ помеѓу вас и вашиот партнер. Одбивањето да учествувате во надминувањето на одреден конфликт може да му дава сигнал на партнерот дека не ви е грижа за конкретниот проблем или уште полошо, дека не ви е грижа за врската. Во секој случај, таквото однесување руши дел од вашата врска. Ако ви е потребно време да се „соберете“, кажете му го тоа на партнерот и потоа повлечете се.
  2. Не споменувајте минати расправии или ситуации кои не се релевантни. Минатото е минато. Концентрирајте се на она што ви се случува сега, бидејќи ако вадите од фиока минати недоразбирања, расправијата може да ескалира. Најдобро е да ги решавате проблемите еден по еден.
  3. Користете тајм-аут. Во случаите кога некој од вас не може да си ги контролира емоциите и започнува бурна расправија, кажете „пауза“ или „тајм-аут“ за да оладите и продолжете ја дискусијата барем 10-15 минути подоцна. Тогаш ќе бидете посмирени и посклони да продолжите да дискутирате фер.
  4. Не користете навредливи зборови. Секојпат кога вие или вашиот партнер си упатувате навредливи зборови (идиот, глупачка) или користите пцости, мал дел од вашата врска се уништува. Освен тоа, проблемот кој се обидувате да го решите се закопува со навреди и негативни емоции, па голема е веројатноста да остане нерешен. Агресивноста и навредите немаат место во здравата расправија.
  5. Избегнувајте ги зборовите „секогаш“ и „никогаш“. „Ти никогаш не ги земаш во предвид моите емоции“, „Ти никогаш не ми помагаш“, „Јас секогаш правам сè“. Зборовите „никогаш“ и „секогаш“ оставаат впечаток дека одите во крајности и дека претерувате и вашиот партнер ќе премине во заштитничка позиција или пак може да возврати со напади од истиот тип. Преку расправијата вие треба малку по малку да го гасите огнот, а не да долевате масло во него.
  6. Не мешајте трети лица. Никогаш не посочувајте како пример трети лица за да пронајдете решение на вашиот проблем. Не велете: „Кога Јасмина и Никола се најдоа во ваква ситуација, направија вака и вака“. Или пак, не се повикувајте на мислења на трети лица. На пример: „Сите мои пријателки сметаат дека ти си крив и дека треба да направиме вака и вака“. Во таков случај, вашиот партнер ќе стане заштитнички настроен и ќе се уништат условите за фер расправија.
  7. Слушањето е многу важен дел од дискутирањето. Кога вашиот партнер ги изложува своите аргументи и го дава своето мислење, затворете ја устата и слушајте внимателно. Можеби во текот на неговото излагање ќе си го промените мислењето. Дури и да не е така, со самиот акт на слушање вие му покажувате дека ви е важно неговото мислење, па тој ќе биде посклон да ја продолжи дискусијата.
  8. Секоја расправија треба да остане зад затворени врати. Колку и да ве изнервира партнерот додека сте во друштво, воздржете се. Никогаш не се препирајте пред пријателите и никогаш не се расправајте пред вашите деца. Најдете тивко приватно место подалеку од љубопитните погледни на луѓето и таму започнете ја својата дискусија.
  9. Не ги трупајте малите проблеми на куп за подоцна сите наеднаш да ги истурите врз партнерот. Многу луѓе ги премолчуваат малите проблеми и ги оставаат да се насобираат, а потоа, кога еден ден ќе им дојде преку глава, ги вадат на виделина. Тоа може да му дојде на партнерот како гром од ведро небо. Не е фер да барате решавање на сите тие проблеми наеднаш. Затоа, решавајте ги конфликтите навремено, колку и да се мали.
  10. Кажете „извини“ ако сте се однесувале неправедно. Никој не е совршен. Во текот на расправијата може да си ги испуштите нервите, па ненамерно да ги повредите чувствата на партнерот и да кажете работи за кои подоцна сигурно ќе жалите. Не се воздржувајте и кажете „Извини“. Тоа може да ја поправи направената пукнатина во врската. По истата логика, кога ќе се почувствувате навредени, имате право да очекувате извинување од негова страна.
Tags
расправии
љубовни проблеми

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.