• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Секс

10 грешки на жените во сексот

29 септември 2009, 12:03
  • cподели
Секси жена
Не заборавајте дека мажите сакаат да гледаат, па никогаш не го занемарувајте вашиот изглед.
  1. Немате доволно самодоверба. Мажите го обожаваат женското тело и ако мислите дека неколку килограми повеќе се проблем – се лажите. Најчесто мажите не ги забележуваат сите оние недостатоци кои си ги откривате по вашето тело пред огледалото. Заборавете ги комплексите и покачете си ја самодовербата. Само така ќе изгледате најпривлечно во неговите очи.
  2. Неподвижни сте како дрво. Бидете активни во потрагата по оргазам. Откријте што ви се допаѓа и научете го вашиот партнер како да ве задоволи.
  3. Глумите оргазам. Никогаш не глумете дека сте достигнале оргазам. Ако не успевате да ја достигнете врвната точка, разговарајте со партнерот на таа тема. Упатете го кон работите кои ве возбудуваат.
  4. Мислите дека мажите секогаш и секаде се подготвени за секс. Можеби ова ќе ве изненади, но мажите не се секс машини. Стресот и заморот влијаат врз нивната желба за секс. Имајте разбирање за него, како што тој има најчесто за вас.
  5. Заборавате дека мажите сакаат да гледаат. Скоро сите мажи полудуваат кога ќе здогледаат голо женско тело во секси долна облека. Затоа, не му го скратувајте тоа задоволство.
  6. Не покажувате дека уживате. Ако тој ве возбудува, покажете му го тоа. Не е потребно целата зграда да разбере дека имате секс, но издадете некаков звук. Така тој ќе биде посамоуверен знаејќи дека уживате.
  7. Очекувате од него да мисли како жена. Не можете да очекувате тој да знае сè што сакате вие. За некои работи едноставно никогаш нема да се сети дека би ви биле пријатни вам. Затоа, комуницирајте со вашиот партнер, дајте му до знаење што сакате.
  8. Никогаш не иницирате секс. Ако никогаш не правите ништо за да му покажете на партнерот дека сакате да имате секс, тој може да помисли дека не сте заинтересирана за него. Мажите обожаваат да бидат заведувани исто колку и жените.
  9. Не сакате разнообразие. Една поза нема да го одржи вашиот сексуален живот. Не се плашете да експериментирате. Можеби ќе останете изненадени колку возбудливо може да биде „различното“. Бидете спонтани. Не мора секогаш сексот да ви биде на креветот или во спалната.
  10. Ја занемарувате вашата женственост. Се разбира, не може да се очекува да бидете секогаш „средени“ таму долу, но ако целосно се занемарите или не сте средени за вашиот прв однос, нема да оставите добар впечаток. Женското тело треба да биде чисто, нежно и мазно.
Tags
секс
женски грешки
секс совети

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.