• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„10 дена во кома и месец борба за живот“: Потресна исповед на повреден од пожарот во „Пулс“

19 март 2026, 12:28
  • cподели

Една година по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој згаснаа 63 млади животи, болката и сеќавањата не стивнуваат. 

Покрај загинатите, во кобна ноќ на 16 март 2025 година беа повредени и повеќе од 200 лица, а животот засекогаш им се промени на стотици семејства.

Меѓу повредените беше и кочанчанецот Иван Стојменов, кој се здоби со тешки изгореници и беше хоспитализиран во Словенија. Таму помина 10 дена во кома и речиси еден месец водеше борба за живот.

По една година, Иван се огласи на социјалните мрежи со потресна исповед за преживеаното, за лузните, за втората шанса и за оние кои никогаш не се вратија дома. Неговата објава ја пренесуваме во целост:

Помина една година од ноќта што засекогаш ми го промени животот.

Ноќта кога во дискотеката „Пулс" избувна пожар и сé за неколку секунди се претвори во хаос, чад и страв. Ноќта кога животот и смртта беа толку блиску.

Со изгореници по рацете, лицето и дишните патишта, завршив во болница во Словенија. 10 дена кома и скоро 1 месец борба... борба за здив, за сила, за живот. Докторите велеа дека е критично.

Но, Господ имаше други планови.

Денес сум тука. Со лузни што засекогаш ќе ме потсетуваат на таа ноќ. Лузни што не се само на кожата, туку и во душата.

Таа ноќ никогаш нема да се заборави. Никогаш нема да ги заборавиме луѓето што не успеаја да излезат. Нивните животи и нивните приказни засекогаш ќе останат во нашите срца.

Оваа година ме научи нешто што многумина го забораваат — животот е кревок. Секој ден е подарок.

Секој здив е благослов.

Денес сум благодарен на Бога што сум жив. Благодарен на докторите, на моето семејство и на сите луѓе што беа покрај мене кога беше најтешко.

Животот ми даде втора шанса.

И ветувам дека ќе ја живеам така како што заслужува.

Никогаш да не се повтори!!!!! Вечна им слава на починатите.“

Tags
пожарот во Пулс

Најнови

  • Родена со деформитети поради Чернобил, малтретирана во сиропиталиште... Која е шампионката која доминира на Параолимпијадата?

    Thu, 03/19/2026 - 14:05
  • 20 март – Меѓународниот ден на среќата

    20 март – Меѓународен ден на среќата: Побарај ја среќата со Државна лотарија

    Thu, 03/19/2026 - 13:55
  • „10 дена во кома и месец борба за живот“: Потресна исповед на повреден од пожарот во „Пулс“

    Thu, 03/19/2026 - 12:28
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.