Почетна » Новости » Промо » Шпаркасе Банка свечено го отвори Шпаркасе Центарот за oбука

Шпаркасе Банка свечено го отвори Шпаркасе Центарот за oбука

Шпаркасе Банка во согласност со својата корпоративна стратегија за општествена одговорност и грижа за вработените, свечено го отвори Шпаркасе Центарот за обука во скопската населба Автокоманда. Отсега сите тековно вработени и нововработени во Банката, како и потенцијалните кандидати за вработување – студентите и средношколците, ќе имаат на располагање наменски тренинг-центар за континуиран професионален и личен развој, во кој ќе се одржуваат сите видови обуки што ќе бидат спроведувани од екстерни обучувачи, вработени во Банката или гости предавачи.

Шпаркасе

Овој Центар за обука е повеќенаменски простор опремен со современа технологија и услови за спроведување на сите видови обуки. Дел од центарот е адаптиран во симулирана експозитура, што ќе послужи за обука за работно воведување на нововработените без банкарско искуство, со цел нивно ефективно оспособување за самостојна работа. Другите делови од просторот се наменети за одржување на сите видови обуки, coaching сесии, симулации на состаноци за усовршување преговарачки и продажни вештини, како и wellness катче, каде што вработените ќе можат да направат пауза и да се релаксираат на lazy bags.

Шпаркасе

„Шпаркасе Банка ги следи актуелните трендови на пазарот на трудот и ја препознава потребата од континуирано усовршување и вложување во знаењето на своите вработени, сè со цел позиционирање како најпосакуван работодавач. Обуките и развојните програми што Банката ги овозможува за вработените, придонесуваат не само вработените да бидат во тек со последните бизнис-трендови и со најновите достигнувања во своите професии, туку придонесува и за нивна поголема мотивација, задоволство од работата и лојалност. Новостекнатите знаења им овозможуваат на вработените иницијативност, правилни одлуки, подобрување на работните процеси, со што напредуваат вработените, а благодарение на тоа, напредува и Банката“ – вели Билјана Санев, директор на Дирекцијата за човечки ресурси.

Шпаркасе

Имајќи ја предвид соработката на Шпаркасе Банка со образовните институции, Центарот за обука ќе претставува можност за студентите и за средношколците за стекнување практични знаења од областа на банкарството и директно учење (learning by doing) на тестна околина, со што тие ќе се стекнат со практични знаења и вештини и веднаш по дипломирањето, ќе бидат поконкурентни на пазарот на трудот. Во оваа насока се планира организирање и банкарска школа, која би била наменета за студентите и за средношколците.

Под платформата „Sparkasse Life“, но и во рамките на пошироката регионална кампања „Верувај во себе“, Шпаркасе Банка се труди силно да ја пренесе пораката до сите да веруваат во себе, да се надградуваат и да ја движат заедницата напред.

Континуираната едукација и развој се темел на пристапот кон работата во Шпаркасе Банка, па затоа Банката ги охрабрува сите свои сегашни и идни вработени да бидат мотивирани и проактивно да учествуваат во сопствениот развој. Да веруваат во себе затоа што имаат банка што верува во нив.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11179 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.