Почетна » Новости » Промо » Халки и неговите авантури обезбедија нова донација за децата од СОС Детско село

Халки и неговите авантури обезбедија нова донација за децата од СОС Детско село

Слончето Халки и неговите авантури раскажани во илустрираната приказна „Сликовницата на Халки“ обезбедија нова донација за СОС Детко село. Целокупниот приход од продажбата на оваа сликовница во текот на 2022 година, Халкбанк АД Скопје го донираше како новогодишен подарок на децата и младите згрижени во СОС Детско село Скопје. Оваа активност е дел од долгорочната соработка помеѓу банката и една од најпосветените организации за поддршка на децата без родителска грижа.

Халки

„За Халкбанк важни се сите деца и токму затоа постојано правиме напори да обезбедиме еднакви услови за раст, развој и едукација на децата од СОС Детско село. Преку „Сликовницата на Халки“ од една страна обезбедуваме квалитетна литература од домашни автори за нашите нови генерации, а од друга страна ја поддржуваме мисијата на СОС Детско село“, изјави Маја Наумовска Савеска од Халкбанк.

Халки

Главна цел на „Сликовницата на Халки“ е да ги поттикне децата редовно да читаат книги, но и да се научат на вредности како што се заштита на животната средина, дружење во природа, прифаќање на лицата со посебни потреби и стекнување навики за штедење. Во изминатата една и пол година оваа сликовница им беше подарена на неколку илјади ученици низ целата држава. Со цел да биде достапна за што е можно поголем број деца, сликовницата е издадена на македонски, албански и турски јазик. Сликовницата се обработуваше како дел од наставата во голем број основни училишта во државата. Како дел од своите активности за промовирање на читањето, Халкбанк го донираше изданието во повеќе од 20 библиотеки во Македонија.

Халки

Халкбанк ја издаде сликовницата во соработка со Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“. Минатата година „Сликовницата на Халки“ го доби признанието за поттикнување општествена одговорност кое го доделува Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) во рамки на Саемот на книга во Скопје.

Својата општествена одговорност Халкбанк ја покажа и преку поддршката на ракометниот спектакл „Сите ѕвезди“, кој се одржа на 3 јануари, а средствата од продажбата на билетите беа наменети за СОС Детско село Скопје.

Халки

Доколку сакате да помогнете и да ја поддржите работата на СОС Детско село, може да донирате средства со купување на „Сликовницата на Халки“ на следниот линк.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11432 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.