Почетна » Новости » Промо » Фотоконкурс: Заедно за климатска акција! Потребна е твојата реакција!

Фотоконкурс: Заедно за климатска акција! Потребна е твојата реакција!

Сигурно веќе си слушнал за загубите и штетите со кои се соочени нашите заедници предизвикани од климатските промени? Си се запрашал ли што можеш ти како поединец да направиш за да придонесеш кон намалување на последиците од промените во климата?

Надвор полека расцутува природата, па затоа го користиме овој момент и те повикуваме да се пријавиш на фотоконкурсот „Заедно за климатска акција! Потребна е твојата реакција“ и да ни ја покажеш твојата зелена оаза.

Фотоконкурс

Зелената урбана инфраструктура и сите зелени простори што ги создаваме во урбаните средини значително придонесуваат за намалување на последиците од климатските промени и заштитата на животната средина. Тие придонесуваат во подобрување на квалитетот на живот во урбаните средини и влијаат позитивно врз здравјето на луѓето што живеат во градот. Ни даваат подобар квалитет на воздухот и водата, ја намалуваат бучавата, го одржуваат биодиверзитетот, вршат апсорпција на вишокот дождовни води и ја намалуваат температурата во градот во летните денови.

Следејќи го природниот циклус, растенијата апсорбираат штетни гасови и ослободуваат кислород во атмосферата. Оттука, овие урбани зелени површини обезбедуваат поквалитетен воздух, додека служат и како простор за уживање во широк спектар на активности и дружење со пријателите.

Затоа, доколку ТИ правиш нешто свесно во врска со ова и имаш зелено уреден двор или тераса, пријави се на конкурсот „Заедно за климатска акција! Потребна е твојата реакција!“ со едноставно испраќање на фотографија од твоето уредено, зелено катче – двор или тераса, раскажи ни како твоето зелено катче го подобрува твоето секојдневие на www.zaednozaкlimatskaakcija.mk и добиј некоја од трите вредни награди:

прва награда – електричен велосипед,

втората – електричен тротинет и

третата – велосипед.

Фотоконкурс

Пријавувањето на конкурсот е во периодот од 22 март до 14 мај, а доделувањето на наградите ќе се одржи на 21 мај, со настан во Дино паркот во Скопје. Биди дел од нашата зелена заедница и покажи ја твојата грижа за животната средина со споделување на фотографии од домашната зелена оаза.

Секоја една мала акција ги инспирира и ги мотивира другите сограѓани! Да го зголемиме бројот на оние што свесно преземаат акција во справувањето со климатските промени, а со тоа и да направиме ефектот од таа акција да го почувствуваат сите!

Конкурсот „Заедно за климатска акција! Потребна е твојата реакција!“ се организира како дел од проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, спроведуван од Центарот за истражување и информирање во животната средина „Еко-свест“, во партнерство со Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе (CNVP), финансиски поддржан од Владата на Шведска. Изразените ставови и мислења се на организациите што го спроведуваат проектот и нужно не ги одразуваат ставовите и мислењата на Владата на Шведска.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.