Почетна » Новости » Промо » Уникатната филијала на Стопанска банка во Охрид доби награда за најдобар ентериер на БИМАС 20-21

Уникатната филијала на Стопанска банка во Охрид доби награда за најдобар ентериер на БИМАС 20-21

Филијалата на Стопанска банка АД-Скопје во Охрид, вклопена во автентичниот амбиент на старата охридска архитектура, доби награда за најдобар ентериер на Биеналето на македонската архитектура (БИМАС 20-21).

Наградата му беше доделена на архитектонското студио БМА, кое го реализираше внатрешното уредување на филијалата, на затворањето на БИМАС 20-21 што се одржа во Музејот на современа уметност во Скопје. Уникатната филијала на Стопанска банка е лоцирана во најубавиот дел на градот Охрид, во куќа како културен споменик која на најдобар начин ги спојува долгата традиција на банката и силното присуство во градот и регионот.

Стопанска Банка во Охрид Стопанска Банка во Охрид Стопанска Банка во Охрид Стопанска Банка во Охрид Стопанска Банка во Охрид

Горди сме што стручната јавност ги препознава нашите заложби на клиентите да им го понудиме најдоброто во секој сегмент од работењето. Изразуваме голема благодарност до архитектонскиот тим и колегите од Секторот за административна поддршка вклучени во развојот на проектот. Оваа филијала е бисер во нашата голема мрежа филијали и пример за симбиоза помеѓу традиционалното и модерното“ – истакнаа од Стопанска банка.

Стопанска Банка во Охрид Стопанска Банка во Охрид Стопанска Банка во Охрид Стопанска Банка во Охрид

Фотографии: Васе Петровски - Аманито

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11498 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.