Почетна » Новости » Промо » По шести пат, преку „Кликај безбедно“ до посигурни деца и родители

По шести пат, преку „Кликај безбедно“ до посигурни деца и родители

А1 Македонија и оваа година, шести пат по ред, продолжува со спроведување на едукативната програма наменета за најмладите, „Кликај безбедно“ во учебната 2022/23 година.

Водени од премисата дека интернетот не е само игра, и оваа година се стремиме кон едуцирање на што поголем број деца за опасностите кои ги носи интернетот и нивното избегнување и справување.

Едукативната и иновативна програма ја спроведуваат волонтери – вработени во А1 Македонија, а предавањата се целосно прилагодени на возраста и на образовните програми.

А1 Македонија

Годинава, како и секоја претходна, целта е тимовите на А1 Македонија да посетат повеќе основни училишта широм земјата. Со тоа ќе придонесеме кон дигитална писменост и развиена свест на повисоко ниво, како еден од столбовите преку кои градиме подобар свет.

За програмата

Проектот „Интернетот не е само игра… Кликај Безбедно!” е дел од иницијативата “Интернет за сите” на Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2018 година.

Во рамките на проектот, предавањата досега ги проследија повеќе од 2.700 четвртоодделенци, од 12 градови во земјава, а активно беа вклучени наставници, директори, педагози и психолози од училиштата.

Целта на оваа иницијатива е преку различни алатки, програми и тренинзи, учениците да ги стекнат неопходните компетенции за нивно вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11199 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.