Почетна » Новости » Промо » Овој четврток одиме на руфтоп новогодишен базар во Скопје Сити Мол

Овој четврток одиме на руфтоп новогодишен базар во Скопје Сити Мол

Декември пристигна, месец во кој сѐ што сакаме е забава, подароци, убави мигови со саканите и спомени што засекогаш ќе ги чуваме. Дојде декември и го означи почетокот на празниците!

(Декември е синоним за празници, месец во кој сѐ што сакаме е забава, подароци, убави мигови со саканите и спомени што засекогаш ќе ги чуваме.)

По ланскиот успех на најубавиот новогодишен базар, оваа година се очекува уште поубава приказна на нова локација. На катната гаржа од трговкиот центар поставуваме новогодишен базар! Лизгалиште за сите генерации, џиновска новогодишен лампион за фотографирање, голема новогодишна елка, бина за супер настани како, и магично празнично село.

Скопје Сити Мол

Времетраењето на овој руфтоп новогодишен базар е цели 38 дена, од 08.12.22-15.01.2023. Низ светот празничните базари ги привлекуваат своите посетители со интересни содржини и супер настани, а оваа година во Скопје се случува најубавата празнична атмосфера. Со почеток во четврток, на 8 -ми декември, ќе блесне големата елка на покривот на SkopjeCityMall, што ќе го означи почетокот на новиот празничен, новогодишен базар.

По овој повод овој четврток Ве покануваме сите на официјално отворање на Новогодишниот базар!

  • 19:00 часот детски програм со Дедо Мраз
  • 20:00 часот свечено палење на новогодишната елка за целосна празнична атмосфера.
  • 20:10 часот настап на феномалниот рок камерен оркестар од Битола, кои ќе создаде супер концертна атмосфера.
  • Со ова, вистински ќе зачекориме во декември, месец на големиот Новогодишен базар во SkopjeCityMall, месецот на убаво расположение, добра музика, вкусна храна, греано вино, моменти на смеа и забава, празнично дарување и создавање сеќавања. Следниот ден, во петок, продолжуваме со забава со Елена Петреска и бенд, ден сабота преку ден се дружиме со “Светот на Биби” додека на вечерната програма ги имаме “Пеце Суперхикс и Breakdownband” додека недела свој настап ќе имаат BandOff од 18:00 часот.

Работно време на базарот и лизгалиштето е:

Понеделник до петок: 17:00 - 22:00

Сабота 12:00 – 22:00

Недела 12:00 -20:00

Се гледаме на руфтоп новогодишен базар во Скопје Сити Мол.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.