Почетна » Новости » Промо » Како да се стимулираат меморијата и концентрацијата?

Како да се стимулираат меморијата и концентрацијата?

Природни стимуланси, витамини и минерали

Природни стимуланси, витамини и минерали за меморија и концентрација

Мозокот е најкомплексниот орган во човековото тело. Секојдневно е задолжен за извршување на милиони функции, од контрола на сите органи и системи во телото со цел тие да функционираат во совршена синхронизација, до прилагодување на човековото тело на постојано променливите услови на животната средина. Исто така, секојдневна задача на мозокот е да врши когнитивни функции што ги опфаќаат нашите перцепции, процесот на одлучување, моторните вештини, јазичните вештини, социјални вештини и уште многу други.

Човековиот мозок има неверојатна способност да го согледа, разбере и сфати светот околу него. Од клучно значење за нашиот опстанок е да можеме соодветно и брзо да донесуваме одлуки, да се концентрираме, да помниме информации (краткорочно и долгорочно), да размислуваме критички и да решаваме проблеми од секаков вид.

Когнитивните функции, вклучително и концентрацијата и меморијата, може да се погодени од различни причини, што денес е широко распространет проблем. Кај постарите лица, когнитивното оштетување може да се должи на болести како што се Алцхајмеровата болест, Паркинсоновата болест, деменција, мозочен удар или едноставно да настане како резултат на промени поврзани со напредната возраст. Кај младите луѓе со забрзано темпо на живот, зголемениот стрес и синдромот на исцрпеност може да доведат до оштетување на меморијата и концентрацијата.

Како може да му помогнеме на мозокот да ги надмине овие проблеми? Природата изобилува со широк спектар на растенија и билки кои ги помагаат когнитивните функции на мозокот. Типичен претставник за растение кое позитивно влијае на меморијата и концентрацијата е Гинко билоба. Претставува едно од најстарите дрвја во светот, за чие постоење датираат податоци од пред 280 милиони години, и истото е добро познато во кинеската традиционална медицина.

Природни стимуланси, витамини и минерали

Екстрактот од Гинко билоба има многу активни состојки преку кои растението позитивно влијае врз телото. Содржи две главни групи активни супстанции - флавоноиди и терпеноиди. Флавоноидите ја поддржуваат правилната структура и функција на крвните садови во телото и придонесуваат за подобра циркулација на крвта. Поради ваквиот ефект, мозокот подобро се снабдува со крв и се храни со енергија и кислород. Снабдувањето на мозочните клетки со хранливи материи и гликоза е од суштинско значење за нивното правилно функционирање. Така, екстрактот од Гинко билоба ги подобрува симптомите кај болестите кои влијаат на когнитивните функции. Покрај тоа, екстрактот од Гинко билоба ја подобрува издржливоста на мозочните клетки при намалени нивоа на кислород во крвта.

Ваквите својства на Гинко билобата влијаат на целиот организам. Освен при когнитивни проблеми, екстрактот од ова растение може да им помогне и на луѓето кои страдаат од ладни екстремитети бидејќи го подобрува протокот на крв во нив, како и непријатното чувство на тинитус (зуење во ушите).

Покрај растителните екстракти, постојат и други супстанции кои ги има во природата и во нашата исхрана, а кои ја поддржуваат функцијата на мозокот. Таква супстанца е витаминот Б5 (т.н. Пантотенска киселина). Откриено е дека овој витамин ја поддржува менталната активност и метаболизмот (метаболизмот на супстанциите во мозокот). Дополнително, се покажало дека витаминот Б5 помага во регулирање на хормоните на стрес. Затоа е познат и како „анти-стрес“ витамин. Друг корисен витамин за нервниот систем е витаминот Б7 (биотин), што придонесува за нормална функција на менталниот и нервниот систем. Селенот е минерал што му помага на телото да се бори против оксидативниот стрес. Дополнително, внесувањето селен во препорачани дози е корисно и за здравјето на тироидната жлезда.

Комбинацијата од Гинко билоба, биотин, пантотенска киселина и селен е моќен сојузник за проблемите со меморијата и концентрацијата, без разлика дали личноста е стара или млада и води активен животен стил исполнет со секојдневни стресни ситуации. Селеногин е специјализиран производ што ги комбинира токму овие состојки - екстремно прочистен, стандардизиран екстракт од дрвото Гинко билоба, комбиниран со вистинските микроелементи за поддршка на когнитивните функции. Активните состојки во Селеногин се специјално избрани и дозирани така што телото добива оптимална доза од истите за да се обезбеди ефикасност и безбедност на производот.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12003 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.