Почетна » Новости » Промо » Како да одбереме квалитетен колагенски производ според сопствените потреби?

Како да одбереме квалитетен колагенски производ според сопствените потреби?

Колаген-протеин во сврзното ткиво на телото, кој обезбедува интегритет, еластичност и јачина на кожата, ‘рскавицата и на коските.

Свеста за грижата за себе никогаш не била на повиско ниво! Денес сè повеќе зборуваме и се информираме како да постигнеме поголема еластичност на кожата, одржување на поздрави нокти, поздрава коса, како да ја вратиме “енергијата” во зглобовите и колената.

Кога сме во такво расположение прва асоцијација ни е Колагенот! „Комплексен протеин“ кој содржи 19 различни амино киселини, кои со текот на годините нашиот организам недоволно ги создава, и треба дополнително да ги внесеме во нашиот организам преку додатоците во исхраната. Колагенот е главниот протеин во сврзното ткиво на телото, кој обезбедува интегритет, еластичност и јачина на кожата, ‘рскавицата и на коските.

Колаген

Постојат и голем број други фактори кои го забрзуваат процесот на намалување на создавањето на колагенот како што се: исхрана богата со шеќер, стрес и изложувањето на сонце. Нема сомнение дека колагенот ни е исклучително потребен, и дека треба да го внесуваме во исхраната.

Меѓутоа пазарот е преплавен со разни колагенски производи за кои не сме сигурни колку се ефикасни. Кога бираме колагенски производ, треба да обрнеме внимание тој да биде од реномиран светски производител, и да базира на успешни клинички студии и тестирања кои ги потврдуваат ефикасните придобивки од неговата употреба. Во тој контекст се истакнува производителот Пептан кој е глобална водечка марка на колагенски пептид* во делот на производи наменети за здравјето и исхраната. А кој може да се нарача преку следниов линк https://arboreal.mk/kolagen/

Колаген

Исто така, важно е да знаеме дека постојат неколку типа на колагенски производи: колаген тип 1и тип 3 кои што овозможуваат поголема еластичност и цврствина на кожата и колаген тип 2 кој што е многу редок во светот, а помага за обновување на 'рскавицата.

Кога бараме колаген, важно е да знаеме за што сакаме тој да ни помогне. Колагенот тип 1 и 3 се за нега на кожата, а колагенот тип 2 се користи за обновување на 'рскавицата која се наоѓа околу зглобовите. Кога станува збор за зглобовите и тетивите, колагенот тип 2 е „лепилото“ што помага да се одржи телото заедно, корисно за спречување на болки во зглобовите поврзани со возраста или симптоми на артритис. Колагенот е тоа што им дава сила и интегритет на сврзните ткива во нашето тело.

Дека добрите колагенски производи прават чуда потврдуваат бројните тестирања кои што се спроведуваат. Но, за да се почувствуваат реални ефекти, потребно е негово користење подолг период. Позитивни ефекти не се случуваат преку ноќ. Како што и не можете преку ноќ да ослабнете или за неколку дена да имате кондиција како олимпиец. Како и за многу други работи, така и за колагенот, потребно е подолго време на употреба и придружни здрави животни навики.

Треба да знаеме дека и кога сме настинати или болни или под голем физички и емоционален стрес, нашето тело не произведува доволно амино киселини кои го сочинуваат колагенот. Тогаш на телото му е потребна помош од надворешни извори, главно од нашата исхрана или од суплементи.

Колаген

Кон што се придонесува колагенот?

  1. 1. Го подобрува здравјето на кожата и косата
  2. 2. Ги намалува болките во зглобовите и дегенерацијата
  3. 3. Го забрзува метаболизмот, мускулната маса и помага во создавањето на енергија
  4. 4. Ги зајакнува ноктите, косата и забите
  5. 5. Го подобрува здравјето на црниот дроб
Колаген

Пептан колаген - за да останеме млади и мобилни!

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12004 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.