Почетна » Новости » Промо » Имаш храброст да пробаш нешто ново?

Имаш храброст да пробаш нешто ново?

Новите нудли од Подравка се јадењето со кое веднаш се поврзувате и се вистинско решение за вас. Вкусен оброк кој се подготвува само за три минути и навистина е она што ви треба за деновите кога баш и не ви се „плетка“во кујна.

Дали порано ве учеле да не си играте со храна? Сега не мора веќе да се придржувате на тоа правило. Поврзете се со некој од трите вкусови – пилешки, говедски и зеленчукови нудли и уживајте во патувањето. Дозволете им на вкусните тестенини и миризливите зачини да ве заплеткаат и за само три минути да ве одведат на Далечниот исток.

Подравка

Како?

Подравка лансираше испреплетена линија на нудли кои доаѓаат во пакетчиња 75 g. Тие содржат сè што ви е потребно за еден оброк - блок на фини тестенини и зачини кои гарантираат одличен вкус. Толку многу се популарни, што го преплавија целиот свет, а се сметаат за инстант храна за сечиј вкус и за сечиј џеб. Нив ги обожаваат студентите и самците кои немаат услови за готвење, но најмногу децата кои често од родителите бараат нудли како меѓуоброк или ужина. Подравкините нудли се нудли во супа, а покрај стандардната употреба со додаток на зачини и масло, тие се конзумираат и со различни зеленчуци, месо, преливи и сосови.

Со нудлите на Подравка, уживајте во топол оброк со едноставна и брза подготовка. Без разлика дали станува збор за ужина, ручек или вечера, или се разбудивте многу гладни по попладневна дремка, во еден момент, поврзете се со фините тестенини и вратете си ја енергијата. Потребни ви се само три минути, вилушка или стапчиња и чинија.

Дали знаете што е само полесно од подготовката на новите нудли на Подравка?На располагање ви е нашата непрекината нудла со која ќе креирате цртеж. Тој непрекинат потег ќе ве вметне меѓу креативците кои си играат со храна. А двајца среќни добитници ќе освојат фантастичен електричен тротинет! (https://noodles-podravka.mk/).

Дојдете да се поврземе и добијте гратис производ на следниве локации:

Веро Центар - сабота (25.02.2023) од 16:00 до 20:00 часот и недела (26.02.2023)од 12:00 до 16:00 часот. Веро Тафталиџе - сабота (04.03.2023) од 16:00 до 20:00 часот и недела (05.03.2023) од 12:00 – 16:00 часот.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11456 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.