Почетна » Новости » Промо » Заштедете време за важни нешта

Заштедете време за важни нешта

Дали сте почувствувале дека некои работи едноставно ви се средуваат без вие да вложите многу труд и време? Во секое време знаете со колку пари располагате на вашата платежна сметка, дали пристигнале парите што ги чекате од странство, колку пари сте заштедиле овој месец...

Вашите сметки за јавни услуги се платени навреме и без потрошено време на шалтер. Планираната заштеда со еден клик ја додадовте на вашиот Паричен депозит. Следниот викенд патувате во странство, ама тоа не е проблем бидејќи и од далечина можете да ја платите фактурата за екскурзијата на вашето дете. И да му префрлите пари од вашата на неговата картичка за да има и за трошење.

Комерцијална банка

Ова е навистина заштедено време и стрес! Но, и пари затоа што дигиталните банкарски трансакции се и до 80% поевтини од шалтерските трансакции. Сето ова и уште повеќе ви овозможува дигиталното банкарство на Комерцијална банка, достапно преку Интернет банката, мБанка, KomPay, електронска идентификација преку OneID.

Со современите и повеќефункционални дигитални услуги и апликации на Комерцијална банка вашите дневни банкарски трансакции функционираат едноставно. Со дигиталното банкарство на Комерцијална банка времето работи за вас, а вашите лични финансиисе:

Достапни 24/7 – пристапот до мБанка и Интернет банка кога сакате и од каде сакате е веројатно најголемата предност на мобилното и електронското банкарство и на електронската идентификација.

Одговорни – да можете да ја видите состојбата на вашата сметка, да префрлате пари и да плаќате сметки секогаш кога вие сакате, е голема предност за средени лични финансии.

Ефикасни – онлајн пристапот до голем број производи и услуги на Комерцијална банка ви го овозможува вашиот електронски идентитет, со кој може да ажурирате лични податоци, да активирате Интернет банка, а наскоро и да отворите платежна сметка и да аплицирате за кредит.

Безбедни – со биометриска автентификација за пристап до мБанка или до вашиот електронски идентитет OneID,вашите дигитални трансакции се побезбедни од кога било.

Затоа не изненадува што многу клиенти веќе ги препознаваат можностите и ги користат предностите на дигиталното банкарство на Комерцијална банка. Тоа всушност нуди можности кои ги следат токму вашите желби и потреби.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11498 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.