Почетна » Новости » Промо » Витамин Д3 – значаен витамин кој му недостасува на современиот човек

Витамин Д3 – значаен витамин кој му недостасува на современиот човек

Синото небо и сонцето од секогаш буделе радост кај сите. Со еден поглед кон нив може да се сфати и богатството кое го даваат на човековото здравје, но често тоа и недостасува. Богатство наречено Витамин Д3.

Витаминот Д3 е единствениот витамин кој нашите тела може да го произведат самостојно, затоа што се синтетизира во кожата при изложување на сонце, а неговото влијание врз целокупното ментално и физичко здравје е огромно.

Од ова може да заклучиме дека не смееме да дозволиме тој да недостасува во нашето тело.

Но како? Дали може да го акумулираме доволно во текот на сончевите денови, за да го имаме во текот на целата година? Одговорот е НЕ!

витамин Д3

Најпрвин да објасниме што е и како настанува Витамин Д3?

Витамин Д3 многу се разликува од останатите витамини, најмногу по тоа што неговиот примарен извор не е храната. Природно, овој витамин се синтетизира во кожата под влијание на сончевите зраци, додека само 10 % се внесува во организмот преку намирниците во исхраната, како што се лососот, туната, сардините, телешкиот дроп, јајцата и млечните производи.

Зошто често ни недостасува Витамин Д3?

Фактот дека современиот човек се помалку време се изложува на сонце е еден од одговорите.

Кај луѓето коишто живеат во деловите од светот каде има помала количина на сончеви зраци, ова е и очекувано. Но, проблемот е во тоа што и во сончевите краеви, луѓето дел од времето поминуваат во затворен простор – во канцеларии, во превоз или во сенките на високите градски ѕидини. Кога се изложуваат на сонце, ги почитуваат препораките на дерматолозите и на тој начин состојбата уште повеќе се отежнува.

Второт проблем, се лошите навики во исхраната. Брзата храна и рестриктивните диети. Иако како што погоре спомнавме, мал е процентот на витамин Д3 кој се внесува преку исхраната.

Кога веќе знаеме што го предизвикува недостатокот на витамин Д3, добро е и да знаеме зошто тоа не смееме да си го дозволиме.

витамин Д3

Зошто е толку важен Витамин Д3?

Постојат три основни функции на витамин Д3: да го одржува здравјето на коските и забите, да овозможува нормално функционирање на мускулите и трето и најважно, да допринесе за нормално функционирање на имунолошкиот систем.

Голем број на истражувања покажуваат дека суплементацијата на витамин Д3 и зголемувањето на неговата концентрација во организмот се поврзани со намалување на ризикот од многу хронични болести.

Првенствено овој витамин е неопходен за апсорпција и правилно искористување на калциумот и фосфорот во организмот, што претставува основа на правилен развој на коските и забите, но витамин Д3 е исто така важен и за нормално функционирање на мускулите и имунолошкиот систем.

Витамин Д3 позитивно влијае и на кардиоваскуларниот, нервниот и респираторниот систем. Позитивно влијае кај инфламаторнитите болести на цревата, додека новите истражувања покажуваат дека има поврзаност на дефицитот на витамин Д3 со одредени автоимуни заболувања.

Како да обезбедиме доволно количество на Витамин Д3?

Одговорно да се искористат сончевите зраци и секогаш да се најде можност за престој на отворено. Храната е само една мала алтернатива и не секогаш и секому се достапни намирниците кои содржат во себе мал процент на витамин Д3. Затоа најсигурно е овој витамин да се внесе во организмот како суплемент.

За да му овозможите беспрекорно функционирање на вашиот организам и да го обезбедите со доволно количество на витамин Д , доволна е само една таблета од витамин Д3 Крка, единствениот лек кој може да го земете без рецепт.

ВИТАМИН Д3 Крка е достапен во форма на таблети кои содржат 1000 IE т.е. (25 µg /l) колекалциферол (витамин Д3), што е препорачаната дневна доза за превенција и третман на недостаток на витамин Д кај деца над 6-годишна возраст, адолесценти и возрасни со дијагностициран висок ризик од недостаток на витамин Д.

Повеќе за производот може да прочитате на: www.vitamind3krka.mk

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12004 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.