Почетна » Новости » Промо » Philips 5400 LatteGo - Совршени кафиња на едноставен начин

Philips 5400 LatteGo - Совршени кафиња на едноставен начин

По што се разликува кафематот Philips LatteGo 5400?

Иновативен систем LatteGo

Системот за правење млечна пена LatteGo е проектиран за љубителите на млечно кафе, на кои освен кадифената млечна пена, важна им е и хигиената на кафематот.За добивање на кадифена пена заслужен е специјалниот систем на правење млечна пена LatteGo. Во кружната комора се меша млекото со воздухот. Благодарение на соодветната температура и големата брзина се создава совршен додаток за Вашето кафе.

Системот LatteGo составен е од два дела и капак. Благодарение на тоа што нема никакви цевчиња, лесен е за одржување. 15 секунди се потребни, за да се измие LatteGo под проточна вода. Погоден е и за миење во машина на садови.Во системот LatteGo, за време на правењето на кафето, во секој момонт може да додадете повеќе млеко – доволно е да го подигнете капакот. Исто така LatteGo погоден е и за чување во фрижидер.

Кафемат Philips

Кои се придобивките за потрошувачот?

12 видови на кафе

Во кафематот може да приготвите дури 12 видови на кафе. Класично црно кафе, Café crema, Americano, но и млечните кафиња Café au lait, Flat white, Cappuccino, Latte macchiato или Café latte? Изборот е Ваш.

Интуитивен панел, лесна персонализација

Дисплејот во боја и панелот за управување на допир озвозможуваат, приготвувањето на кафето да биде едноставно и интуитивно. Едноставно ќе ги приспособите петте подесувања за јачина, количина на кафе и млеко, како и трите подесувања за температура. Вашиот напиток секогаш ќе биде прилагоден на вашите вкусови.

4 кориснички профили

Доколку знаете која е Вашата омилена јачина, големина и температура на кафе, направете свој кориснички профил. Уредот ќе ги запише Вашите поставувања така што секогаш ќе може да се наврќате на Вашиот совршен напиток и да и се радувате на совршената арома.

Фукција Extra Shot

Функцијата овозможува приготвување на дополнителна порција Ristretto, што е идеално решение за љубителите на јако кафе. Интезивниот додаток овозможува напитокот да биде појак, а истовремено да биде отсранет горкиот вкус.

Идеална температура, арома и крем, шолја по шолја по шолја*

Системот Aroma Extract го регилира протокот на вода и ја одржува нејзината температура помеѓу 90°C и 98°C. Тоа овозможува да се зачува и балансот помеѓу интензитетот на вкусот на аромата за секое кафе.

*Интервалот на температура за млечните и црните кафиња: 70°C - 82°C.

Керамичка мелница

Тивката и издржлива мелница со керамички бруси е отпорна на абење. Совршениот квалитет и арома се одржуваат дури и по мелењето зрна за 20.000 шолји кафе.

Филтер AquaClean

Патентираниот филтер Filtr AquaClean осигурува чиста вода и оневозможува таложење на бигор во внатрешноста на кафематот. Можете да приготвите дури 5000* шолји кафе без да има потреба за отстранување на бигорот.

*Со 8 промени на филтерот, согласно упатствот на уредот. Вистинскиот број на шолји кафе зависи од избраниот вид на кафе, миењето и чистењето.

Пробајте го Philips 5400 LatteGo и секој ден започнете го омиленото свежо-мелено кафе.

Погледнете ја понудата на следниов линк.

Кафемат Philips

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.