Почетна » Новости » Промо » Ladna со ново стилизирано стаклено пакување

Ladna со ново стилизирано стаклено пакување

Инспирирани од моќта на водата и предводени од желбата за развој, Ladna својата производствена палета ја надополни со ново стаклено пакување. Новото шише и новата етикета се инспирирани од едноставноста на природата, од бистрината на водата. Преку прецизно осмислениот, чист и софистициран дизајн, Ladna продолжува да ја раскажува својата успешна приказна.

Стакленото пакување од 0,25л и 0,75л е веќе достапно во селектирани ресторани, кафулиња и кафеани и совршено се вклопува во секоја добра приказна. Без разлика дали е секојдневна кафе дружба, бизнис состанок или голема семејна средба, Ladna е присутна во сите важни моменти, дел од сите наши значајни и секојдневни приказни.

Ladna

„Целокупното наше работење и сите наши заложби се секогаш во насока на обезбедување беспрекорен производ кој одговара на потребите на потрошувачите. На овој начин повеќе од 20 години го градиме брендот Ladna и со голема посветеност и внимание ја надополнуваме неговата палета“ – велат од Ladna.

Ladna извира од изворот „Бреза“ Лисец кој се наоѓа среде недопрената и богата природа на Осоговските планини и преку целосно затворен и строго контролиран систем стигнува до своите потрошувачи во потполно непроменет состав и квалитет. Во својата палета Ladna нуди и неповратно PET пакување од 0.33 л, 0.5 л, 1 л, 1.5 л, 6 л, 10 л и повратно PC пакување од 19 л.

Дознајте повеќе на официјалната веб страна и на профилите на Facebook и Instagram.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11538 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.