Почетна » Новости » Промо » Ladna Premium со матичен млеч – нов, уникатен производ во асортиманот на Ladna

Ladna Premium со матичен млеч – нов, уникатен производ во асортиманот на Ladna

Кога станува збор за водење на здрав животен стил, природата е неминовен извор на инспирација, а често токму во природата можеме да го најдеме решението за одржување на здраво тело и здрав дух.

Затоа во создавањето на својот најнов производ, Ladna внимателно одбраа исклучиво природни состојки и без додавање на било какви конзерванси, бои или други адитиви ја создадоа Ladna Premium со матичен млеч.

Засладена со природен овошен екстракт, Ladna Premium со матичен млеч е единствена функционална вода на пазарот со целосно природен состав. Произведена од изворска вода Ladna, збогатена со природни ароми на брусница и јагода, витамини и природен екстракт од матичен млеч во лиофилизиран облик што гарантира задржување на нутритивните вредности на овој пчелин производ.

Ladna Premium со матичен млеч во својот состав содржи витамини од групата Б со кои се поврзуваат низа здравствени придобивки. Еден од нив е и витаминот Б6, којшто придонесува за нормално функционирање на имунолошкиот систем.

„Купувачите се во постојана потрага по нови, иновативни производи со природни состојки, преку кои ќе внесат повеќе здравје и свежина во нивното динамично секојдневие. Преку надополнувањето на асортиманот на функционални води, овојпат во премиум сегментот, на нашите купувачи сакаме да им го понудиме токму тоа“ – велат од Ladna.

Ladna Premium со матичен млеч можете да ја најдете во селектирани кафулиња и ресторани во пакување од 0,75 л и 0,25 л. Достапна е и за онлајн нарачка и испорака во Скопје на нивната онлајн продавница www.magstore.mk.

Дознајте повеќе на официјалната веб страна и на профилите на Facebook и Instagram.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11460 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.