Почетна » Новости » Промо » Eucerin промовира нови пакувања направени со 100% рециклирачки материјали

Eucerin промовира нови пакувања направени со 100% рециклирачки материјали

Подмладувачката линија на производи Hyaluron-Filler на Eucerin добива нови заменски пакувања кои се направени од 100% рециклирачки материјали. Eucerin посветено работи на тоа да биде општествено одговорна компанија која учествува во еколошкиот напредок на нашето опкружување и за таа цел планира да ја намали употребата на пластика во производството за 90% до 2025г. Во наредниот период корисниците на Eucerin ќе имаат можност да одберат Eucerin комплети кои содржат производ + заменско пакување по специјална цена.

Eucerin сака на своите клиенти да им понуди висококвалитетна медицинска козметика која нуди безбедност и отсуство на штетно влијание врз нив и околината.

Класичното пакување на Eucerin Hyaluron-Filler Дневен крем SPF15 и Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен крем, веќе содржи внатрешен контејнер. Во него се наоѓа содржината, а контејнерот лесно се вади, за да може да се замени со нов, откога ќе се потроши. Контејнерот на заменското пакување е со истата содржина како класичното пакување, може да се купи одделно и да се стави во тегличката од новиот тип. Заменското пакување е направено од 100% рециклирачки материјали (алуминиум и пластика), од коишто 7.8 грама се пластика, додека тегличката содржи 88.8 грама пластика. На овој начин Eucerin користи 90% помалку пластика во секое следно пакување коешто го купуваме. Само за првата година од воведувањето на новите заменски пакувања брендот предвидува дека ќе заштеди 16.8 тони пластика. Пакувањето има специјална ознака за помала количина пластика користено за нејзиното производство, коешто ќе им помогне на еколошки ориентираните корисници да изберат производи и на база на тој критериум.

Eucerin

„Улога на Eucerin како еден од светските лидери во дермокозметиката, е освен кон здравјето на кожата, да биде одговорен и за животната средина. Исто така на глобален план корисниците сѐ повеќе го развиваат овој вредносен систем на грижа за природата и преку нивниот свесен избор на поеколошки производи, тие придонесуваат за заштита на нашата планета.“ „Во Македонија исто се забележува таква тенденција и покрај тоа што тоа доаѓа малку подоцна. Ние од Eucerin се радуваме дека имаме можност да им ја исполниме желбата и да ја задоволиме побарувачката дури и на оние потрошувачи за кои еколошката одржливост на производите е веќе важна или допрва треба да стане“.

Пристапот за грижа повеќе од нега за кожата е дел од целите за одржлив развој на Eucerin до 2025 г.:

  • да се намали до 50% употребата на чиста пластика;
  • 30% од пластичните амбалажи на производите да содржат рециклирачка пластика;
  • 100% од пакувањата да бидат со можност за заменско пакување, да можат повторно да се користат или да се од рециклирачки материјали.

Специјалната понуда за македонските корисници на Еуцерин, од своја страна, вклучува два комплети по специјална цена. Првиот сет содржи Eucerin Hyaluron-Filler Дневен крем SPF15 + Заменско пакување за него. Докажаниот подмладувачки ефект на дневниот крем се должи на формулата со 3Х ЕФЕКТ. Таа содржи два вида хијалуронска киселина (со висока и ниска молекуларна тежина) кои помагаат за пополнување како на фините линии на површината, така и на најдлабоките брчки, антиоксидантот сапонин, којшто го активира сопственото производство на хијалуронска киселина во кожата до 256% и еноксолон, којшто ја намалува брзината на разградување на хијалуронската киселина за повеќе од 50%. Вториот комплет содржи Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен крем + Заменско пакување. Неговата формула е базирана на истите состојки коишто обезбедуваат 3Х ЕФЕКТ и дополнително има декспантенол, којшто ги помага регенеративните процеси во кожата во текот на ноќта.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11471 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.