Почетна » Новости » Промо » 15 години успешна мирисна приказна: Најпродаваниот мирисен бренд од AVON со јубилејни новитети ТТА Celebrate за НЕА и за НЕГО!

15 години успешна мирисна приказна: Најпродаваниот мирисен бренд од AVON со јубилејни новитети ТТА Celebrate за НЕА и за НЕГО!

AVON лансира два фантастични новитети за да го одбележи 15-годишниот јубилеј од постоењето на својот најпознат мирисен бренд ТТА

Како се менува љубовта со текот на времето? Едноставно, таа станува поекспресивна и постепено се гради, со што станува уште поскапоцена. Истото важи и за TTA мирисите од AVON.

TTA

Успешната приказна на најпродаваниот мирисен бренд ТТА (Today Tomorrow Always) од AVON, трае веќе цели 15 години. Од неговото прво појавување на страниците на AVON брошурите со заштитното лице - планетарно популарната актерка Селма Хаек, па сé до денес, линијата на женски и машки мириси ТТА плени со својата оригинална креација. ТТА трилогијата е експресија на патувањето на вистинската љубов. Од првиот поглед, па сé до моментот кога двете души стануваат едно. ТТА едноставно ве кани да станете дел од бескрајната авантура на вљубувањето.

TTA

Таткото на мирисниот бренд ТТА, Оливие Кресп е ѕвезда меѓу парфимеристите. Тој креира за најдобрите светски брендови, а оние кои се вљубиле во ТТА мирисите потврдуваат дека тој го сторил невозможното: го зграпчил темелот на која почива љубовта и го сместил во мало мирисно шишенце. Во 2006-та година ја добива титулата Master Perfumer, а во 2007-ма е прогласен за Парфимерист на годината. Во 2018-та година пак, се стекнува со најпрестижната светска награда од неговата област- наградата за животно достигнување.

Оливие Кресп

„Сфатив дека прекрасниот мирис не треба да биде комлексен“ - вели Кресп. – Една едноставна идеја може да се реализира преку најубавите состојки за да ја креира огромната, воздигнувачка екстаза на сетилата.”

Како круна на љубовта, но и на успехот на комплетниот бренд ТТА, AVON во име на 15-годишниот јубилеј лансира уште 2 нови мириси кои претставуваат холистичко дополнување на постојната колекција на ТТА Мириси. Тоа се новите ТТА Celebrate мириси за Неа и за Него.

Најновата композиција на брендот TTA во себе ја носи интригантната топлина и сензуалност. Композицијата за Неа се состои од цитрусни ноти, тубероза и фрезија. Мирисот за него содржи бергамот, лаванда, ванила и нота од дабова мов.

TTA

Комплетната линија на мириси Today, Tomorrow, Always и Celebrate ја содржат истата мирисна срцевина која чука во ритамот на вдишувањето на мирисот од цветовите. Во основата на секој од мирисите е најелегантната состојка – мирисот од маслото нероли, кое се добива од цветот на горчлив портокал.Со векови, овој цвет претставувал асоцијација за чистота, плодност и вечност. Мирисот на нероли не само што е заводлив и примамлив за сетилата, туку исто така поседува и ароматерапевтски својства, добро познати уште од древни времиња, кои го подобруваат расположението, ги смируваат нервите, опушта и ја подобрува самодовербата.Цветот нероли оди рака под рака со скапоцената мирисна композиција од фрезија, мошус и хибискусво Today, пачулито во Tomorrow, розата во Always и туберозата во Celebrate.

„Инспирацијата за колекцијата ТТА Celebrate ја пронајдов на улиците на Париз, гледајќи ги вљубените двојки како уживаат во секој заеднички момент – вели Кресп. На тој начин всушност, мирисите кои ја отелотворуваат љубовта - оживуваат. По 15 години постоење на ТТА, новите Celebrate мириси ја будат среќата, емоциите и искрата во очите на вљубените двојки кои јас ги сретнав. Навистина сум среќен што сум дел од успешната ТТА приказна цели 15 години“, – завршува Кресп.

ТТА приказната продолжува да ја слави љубовта. Таа е насекаде, нека блеска!

Како да ги набавите?

Комплетната линија мириси ТТА е достапна за порачувањепреку претставничката мрежа на AVON. Мирисите може да се порачаат и онлајн. Комплетната интерактивна брошура од Кампања 12 е достапна овде.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.