Почетна » Новости » Актуелно » Шпанија ќе им дава на младите по 250 евра месечно за да се иселат од домот на родителите

Шпанија ќе им дава на младите по 250 евра месечно за да се иселат од домот на родителите

Поради високите трошоци за решавање на станбеното прашање, многу млади лица ширум светот живеат со своите родители по влегувањето во полнолетство, па дури и по 30-тата година од животот. Шпанија одлучи да им помогне токму на овие личности да започнат самостоен живот.

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека Владата планира да им дава по 250 евра месечно на лица на возраст од 18 до 35 години кои заработуваат помалку од 23.725 евра годишно.

Паричната помош ќе им се нуди во текот на две години.

Девојка

Во Шпанија, младите си заминуваат од „семејното гнездо“ во просек на околу 30-годишна возраст. Оваа европска држава беше силно погодена од коронакризата и невработеноста кај младите лица моментално е 38%.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11085 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.