Почетна » Новости » Актуелно » Шп-арт-уметноста е откриена: Инспиративна сликарска перспектива на 12. Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“

Шп-арт-уметноста е откриена: Инспиративна сликарска перспектива на 12. Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“

Со поддршка и слобода на изразување, креативноста и талентот едноставно не познаваат граници. Творењето на 10-те млади сликари, инспирирано од природните убавини на Вевчани, за време на Дванаесеттото издание на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“, заврши со креативен финиш и уникатни сликарски дела.

Вевчански видувања

Поделени во две групи, десетте финалисти од конкурсот, со својата имагинација и креативна визија, дефинитивно ветуваат многу за иднината на македонската уметност и развојот на сликарството во земјата.

Младите талентирани сликари беа одбрани во склоп на Конкурсот за млади сликари 2023, кој беше објавен од Шпаркасе Банка АД Скопје и од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. Првата група креираше оригинална Шп-арт-уметност во Вевчани од 24.6. до 28.6.2023, а втората група од 28.6. до 1.7.2023 година.

„Шп-арт-клуб“ е дел од платформата за општествена одговорност на Шпаркасе Банка АД Скопје, позната како „Sparkasse Life“, а преку него, банката го дава својот значителен придонес и поддршка за дополнителен поттик на младите сликари во државата, да творат слободно, без ограничување на своите уметнички видувања и перспективи. Сите млади сликари, на почетокот на ова лето, го оставија својот оригинален печат во склоп на годинешното издание на ликовната колонија, со колоритно претставување на својата креативност и давање живот на секое насликано дело, преку боите на платното.

А кои се нивните видувања од овој настан?

Елена Петковска, дел од 10-те млади финалисти, има одлична визија за иднината на сликарството: „Можноста да се присуствува на колонијата како млад уметник, несомнено претставува квалитетно искуство, кое отвора многу нови хоризонти.“ „Самото Вевчани ни понуди доволно мир и инспирација за да бидеме продуктивни и креативни, а тоа дефинитивно се одликува во сите наши дела“, додаде Евгенија Кузмановска. За истото коментира и Никола Станковски: „Во Вевчани има и преубава природа, а и старата архитектура е преубава за мотиви за сликање“, како и Елена Попоска: „Вевчани е прекрасно место, кое буди безброј инспирации за еден уметник.“

Задоволството е евидентно кај секој од 10-те креативни млади сликари. „Од перспектива на млад сликар, искуството од оваа година беше фантастично“, тврди Арта Лимани, а со прекрасни впечатоци е и Благица Трајкоска: „Искуството на умешните мајстори во сликарството, она што ни го пренесоа, е незаборавно“, како и Андреј Антевски: „Првите и последните впечатоци од настанот се прекрасни, Вевчани е прекрасно село полно со инспирација за секаков вид уметност.“

Дадениот поттик и поддршка на Шпаркасе Банка АД Скопје не се поминати незабележано и во очите на овие талентирани млади, кои се иднината на македонското сликарство. „Голема благодарност до Шпаркасе Банка за можноста да учествуваме на овогодишната ликовна колонија ‘Вевчански видувања’ и ова нека биде само почеток на вакви проекти“, вели Никола Тренов.

Вевчански видувања Вевчански видувања Вевчански видувања Вевчански видувања Вевчански видувања Вевчански видувања

Видувањата на младите сликари се и повеќе од доказ за позитивниот ефект, бидејќи дадената шанса за слободно креирање и творење, влијае врз мотивацијата за надградба на нивните таленти. „Споделувањето искуства и интеракцијата со колегите е двигател за применување нови знаења и потези на нашите дела“, вели Ристе Мицевски, а Тамара Трајковска дополнува дека ликовното творење е многу повеќе од класично сликарско искуство: „Преубава и забавна колонија, исполнета со дружба и со нови лица од кои може многу да се научи.“

Вевчански видувања

Десеттемина млади сликари се уште повеќе мотивирани и ентузијастични за својата уметничка кариера и иднина од кога било порано. Шпаркасе Банка АД Скопје, во согласност со својата корпоративна стратегија и одржливост, најавува и завршен хуманитарен настан. На настанот што ќе се реализира во форма на аукција, сите слики на младите сликари ќе бидат дел од наддавањето, а сите собрани средства ќе бидат наменети за донирање во хуманитарни цели. Одбрани тројца сликари, со здобиена највисока вредност на самата аукција, ќе добијат и дополнителна поддршка од Шпаркасе Банка АД Скопје, во форма на откуп на по три други нивни дела во вредност од 1.200 евра за првиот, 1.000 евра за вториот и 800 евра за третиот млад сликар. Откривањето на Шп-арт-уметност продолжува.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11471 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.