Почетна » Новости » Актуелно » Чуда навистина се случуваат: Спасувачи извлекуваат живи деца од под урнатините два дена по земјотресите во Турција и Сирија

Чуда навистина се случуваат: Спасувачи извлекуваат живи деца од под урнатините два дена по земјотресите во Турција и Сирија

Спасувачите во Турција и Сирија даваат натчовечки напори за да извлечат што повеќе луѓе од под урнатините на нивните домови.

На социјалните мрежи постојано се споделуваат видеа од спасувањето на дечиња кои биле заробени по разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала. Тоа што тие преживеале на студот два дена без храна и вода е доказ дека чуда навистина се случуваат.

Повеќе од 48 часа по првиот голем земјотрес, цело семејство беше спасено во Сирија.

Мајка со нејзината 2-годишна ќерка беа извлечени живи по 44 часа.

Бебенце поминало 36 часа под урнатините и беше спасено.

Во Кахраманмараш беше спасен 3-годишниот Ариф Каан, чие тело беше заробено со бетон. Момчето беше извлечено живо 43 часа по катастрофата.

„Засега, името на надежта во Кахраманмараш е Ариф Каан“ – рече репортер на турска ТВ.

15-месечно бебе беше спасено по 31 час во Кахраманмараш.

Бебе

Едногодишни близнаци беа извлечени заедно со нивните родители 40 часа по земјотресот.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:

- Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.

- како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

- За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228

Цртежи за земјотресите во Турција и Сирија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11475 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.