Почетна » Новости » Актуелно » Халкбанк АД Скопје го одбележува Денот на планетата Земја како дел од Priceless Planet кампањата

Халкбанк АД Скопје го одбележува Денот на планетата Земја како дел од Priceless Planet кампањата

Халкбанк како дел од коалицијата „Priceless Planet“ ве поканува заедно да направиме повеќе за животната средина

22, Април 2021 – Денот на планетата Земја секоја година нè потсетува дека можеме и треба да направиме повеќе за животната средина. Следејќи ги своите заложби за добросостојба на луѓето и поздрава животна средина годинава Халкбанк АД Скопје го одбележува денот како дел од коалицијата „Priceless Planet“ предводена од Мастеркард преку која се организираат глобални активности во насока на подигнување на свеста за поздрава планета и зацртаната цел за засадување на 100 милиони дрва во следните пет години.

Priceless Planet

Халкбанк преку својата кампања по повод Денот на планетата Земја, ги покани своите клиенти, партнери и соработници да се приклучат кон целите на коалицијата и да го дадат својот придонес.

Во кампањата за заштита на животната средина се вклучија и влијателни личности од Македонија. Тие преку јога предизвикот, правејќи ја “yoga tree“ позата симболично ја поздравија заложбата на членките на „Priceless Planet“ и ги предизвикаа своите следбеници да се приклучат.

Priceless Planet Priceless Planet

Секој од нас може да придонесе кон подобрување на животната средина, преку подобрување на своите навики. На ист начин како што се грижиме за нашето тело и дух, треба да се грижиме и за планетата земја. Грижата доаѓа во форма на селектирање на домашниот отпад, користење еко средства за превоз, греење на еколошки начин и слично.

Халкбанк и коалицијата „Priceless Planet“ се партнери на планетата земја и сите кои се грижат за неа. Уживајте во фотографиите од #YogaTree предизвикот и вклучете се кон иницијативата за поздрава планета.

Priceless Planet Priceless Planet

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11895 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.