Почетна » Новости » Актуелно » Училиште во Турција ќе го носи името на Македонија поради солидарноста за време на земјотресите

Училиште во Турција ќе го носи името на Македонија поради солидарноста за време на земјотресите

Во февруари годинава, Македонија се сплоти за да му помогне најмногу што може на настраданото население од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија.

Помошта и солидарноста на македонските граѓани не беше заборавена и турската влада одлучи ново училиште да го носи името на нашата држава, а 32-те училници во него да ги носат имињата на македонските градови.

Турција

Од Црвениот крст информираа дека средствата собрани во акцијата за помош ќе бидат наменети за изградба на училиштето во градот Малатија.

„Овој акт ќе остави траен белег и е доказ за солидарноста на граѓаните на РСМ кон граѓаните на Република Турција“ – напишаа тие.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11484 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.