Почетна » Новости » Актуелно » Ужасна трагедија во Тетово: Венко Филипче потврди дека има 14 жртви во пожарот во модуларната болница

Ужасна трагедија во Тетово: Венко Филипче потврди дека има 14 жртви во пожарот во модуларната болница

Незамислива тага синоќа надвисна над македонската јавност по распространувањето на веста за пожар во модуларната болница во Тетово. Пожарот е изгаснат, но официјално е потврдено дека зеде повеќе човечки животи.

Има вкупно 14 жртви од 26-те пациенти кои се лекуваа во КОВИД-центарот. Останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност. Оваа информација беше соопштена од министерот Венко Филипче.

Филипче додаде и дека нема настрадани здравствени лица, а само неколкумина се со полесни повреди.

Синоќа, Премиерот Зоран Заев соопшти:

Огромна трагедија се случи во тетовскиот КОВИД-19 центар. Експлозија предизвикала пожар. Пожарот е изгаснат, но згаснаа и многу животи. Борбата за живот трае сѐ уште, a сите служби реагираа пожртвувано и спасуваат луѓе.

Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите и посакувам брзо закрепнување на повредените.

Причините за пожарот ќе бидат утврдени, за што правосудните органи се веќе на терен.

Ова е навистина трагичен настан и можам да ве уверам дека целиот државен врв е посветен на брзо разрешување на оваа ситуација. Во моментов трае кризниот штаб во Општина Тетово.

Министерот Венко Филипче уште синоќа потврди дека е двоцифрен бројот на починати и порача да не се шпекулира со вака сензитивни информации.

Многу граѓани се молат за лицата засегнати од трагедијата и изразуваат жалење:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11967 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.