Почетна » Новости » Актуелно » Тридневна жалост за трагедијата во КОВИД-центарот во Тетово

Тридневна жалост за трагедијата во КОВИД-центарот во Тетово

Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, и во знак на сочувство со нивните семејства, Владата на денешната вонредна седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава.

За денови на жалост се прогласени денес, утре и задутре (четврток, петок и сабота), а за време на деновите на жалост, знамето ќе биде истакнато на половина копје.

ковид податоци

Владата апелира до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции предвидени за овие три дена.

Исто така, Владата донесе заклучок со препорака стручните тимови на Министерството за внатрешни работи и на Министерството за здравство да се стават на максимално располагање на обвинителството во истражните постапки и ги задолжи надлежните институции да утврдат каков тип на дополнителна помош и поддршка е потребна за семејствата на загинатите и повредените, со цел истата да биде обезбедена во најкраток временски рок.

ковид податоци

Упатена беше благодарност до сите држави од регионот, од Европа и од светот, за изразеното сочувство за трагичниот настан и донесена беше одлука да се прифати понудата на дел од сојузничките сили во НАТО да испратат во земјата стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги за пожари за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот.

Вкупно 14 лица ги загубија животите во страотниот пожар во Тетово. Од сите страни стигнуваат пораки со сочувство до семејствата на починатите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11972 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.