Почетна » Новости » Актуелно » Трифун Костовски сподели фотографии од свадбата на синот Филип и снаата Софија

Трифун Костовски сподели фотографии од свадбата на синот Филип и снаата Софија

Се ожени и најмалиот син на Трифун Костовски. Поранешниот градоначалник на Скопје сподели фотографии од свадбата на синот Филип и снаата Софија.

„Почитувани пријатели, го дочекав денот кога и мојот најмал син Филип стапи во брак со прекрасната Софија Кузмановска. Свадбата беше организирана согласно традиционалните обичаи на нас, Македонците од православна христијанска вероисповест. Зурли и тапани во мојот дом, во домот на семејството Кузмановски кога по старите обичаи моравме да ја ‘купиме’ невестата и да продолжиме со венчавка во црквата Пресвета Богородица. Чин кој што силно ме возбуди и ме врати во некои дамнешни времиња. Јас ја почувствував привилегијата на обичаите мои, Македонски да бидат повторно чевствувани, ама овој пат во нова цивилизирана и софистицирана атмосфера. Регистрацијата и свадбата во присуство на повеќе од 350 гости. Посакувам секој од вас мои пријатели да го доживеете овој чин кој ќе ве врати во младоста и ќе ве просветли во животот. Мудроста меѓу нас повозрасните доаЃа токму од животот и искуството на животниот пат кој сме го поминале. Да се радуваме на секој божји ден кога има веселби, венчавки, крштевки“ – напиша Костовски.

Свадбата на Филип и Софија Свадбата на Филип и Софија Свадбата на Филип и Софија Свадбата на Филип и Софија Свадбата на Филип и Софија Свадбата на Филип и Софија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11486 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.