Почетна » Новости » Актуелно » Традиционална поддршка од Клиника Жан Митрев за Годишниот сестрински конгрес 2025

Традиционална поддршка од Клиника Жан Митрев за Годишниот сестрински конгрес 2025

Во периодот од 03.10 до 05.10.2025 година се одржа четвртиот по ред годишен сестрински конгрес, на кој присуствуваа бројни стручни лица од сите здравствени установи од државата и регионот.

Оваа година на конгресот имаше повеќе од 300 учесници – медицински сестри, техничари, доктори и фармацевти. Програмата опфати предавања, презентации и панел-дискусии посветени на современите предизвици и трендови во сестринството, создавајќи можност за размена на искуства и нови знаења.

„Голема чест и гордост за нас како клиника беше активното учество во неколку сегменти, најпрво како спонзор на Здружението „ЗА НАС“, преку учество во организацијата на настанот, и со тим од сестри кои со своите презентации придонесоа за унапредување на професионалните знаења и промоција на нашата установа. Исто така во соработка со Фила Фарм и нашиот бренд Ортомол, го претставивме тимскиот дух и посветеноста кои секојдневно ги негуваме во нашата клиника“ - велат од Клиника Жан Митрев.

Годишниот сестрински конгрес 2025 Годишниот сестрински конгрес 2025 Годишниот сестрински конгрес 2025 Годишниот сестрински конгрес 2025

Настаните од ваков тип се потсетник дека сестринството е професија со срце – професија која обединува, мотивира и инспирира, истовремено промовирајќи ги вредностите на заедништво, едукација и хуманост.

За време на овој 4-ти Конгрес на Здружението на медицински сестри, акушерки и техничари на Македонија се одржа и Регионалната ESNO Конференција.

По инспиративните воведни обраќања од претставниците на ESNO, IFNA и Здружението на медицински сестри, акушерки и техничари на Македонија, следеше динамична панел дискусија на тема „Сестринство во транзиција: Регулација, Специјализација и Системско влијание“, модерирана од претседателот на ESNO – д-р Адријано Фригановиќ.

Годишниот сестрински конгрес 2025 Годишниот сестрински конгрес 2025 Годишниот сестрински конгрес 2025 Годишниот сестрински конгрес 2025

Размената на експертиза, визија и професионални искуства уште еднаш ја истакна важноста на напредните сестрински улоги и меѓународната соработка во унапредувањето на здравствените системи.

Годишниот сестрински конгрес 2025 Годишниот сестрински конгрес 2025

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30321 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.