Тамара Котевска шармираше на премиерата на нејзиниот филм „Силјан“ во Венеција.
Пред проекцијата, македонската режисерка позираше на сивиот тепих во кратко црно фустанче кое спојува минимализам и провокативна сила од Kokev. Својот изглед, Котевска го надополни со впечатлив ѓердан.
„Нашата режисерка Тамара Котевска блесна во KOKEV. За премиерата дизајниравме црн краток фустан кој спојува минимализам и провокативна сила. И секако рачно изработен ѓердан инспириран од штркот и приказната која таа ја раскажува“ – стои во описот на брендот.








Фотографии од премиерата споделија и од Агенцијата за филм.


Претставници на Агенцијата за филм, предводени од директорот г-дин Сашко Мицевски, денес присуствуваа на премиерата на новиот документарен филм „Силјан“ на Тамара Котевска, во рамки на 82. Венециски филмски фестивал, во програмата Out of competition.
Филмот, кој по премиерното прикажување беше награден од публиката со долг аплауз и стоечки овации, обработува една од актуелна и горлува тема – иселувањето. Инспириран од народната приказна за момчето Силјан кое, по кавга со татко му, се претвора во штрк и го напушта својот дом, „Силјан“ претставува современа приказна за судбината на источна Македонија, преку односот на еден земјоделец со бел штрк.
Режисерка и продуцентка на филмот е Тамара Котевска, која од идеја до реализација самостојно го започна проектот. Филмот е копродукција со американската „Конкордија“ и британската „Корнершоп“, а останати продуценти се Жан Дакар, кој е и кинематографер, Јорданчо Петковски и Ана Хашми. Монтажата е изработена од Мартин Иванов.
Истовремено, Котевска на Венецискиот филмски маркет, кој се одржува од денеска до 31 август, пред финансиери и дистрибутери ќе го претстави својот нов, четврти документарен филм „Мамутите кои избегаа од царството на Елрих хан“, снимен во Сибир. Овој проект го отвора прашањето за опстанокот на сибирското шаманско племе Долгани, во кое постои судир меѓу одгледувачите на ирваси и ископувачите на мамутски заби – на последната точка од северот на планетата каде што сè уште постои цивилизација.
Горди сме на успехот на Тамара Котевска на меѓународната филмска сцена и потсетуваме дека таа летово го заврши снимањето на својот прв долгометражен игран филм „Човек против јато“, кој е финансиран од Агенцијата за филм.
Благодариме за поканата! Честитки за целата екипа!