Почетна » Новости » Актуелно » Со нова крводарителска акција „Алкалоид“ го одбележа 14 јуни – Светскиот ден на крводарителството

Со нова крводарителска акција „Алкалоид“ го одбележа 14 јуни – Светскиот ден на крводарителството

„Алкалоид“ АД Скопје, како општествено одговорна компанија, постојано тежнее кон поздрав свет и кон супериорен квалитет на производите и на услугите, a чиј императив се грижата за здравјето и заштитата на секој човек, високо позиционирани во корпоративната деловна стратегија.

Крводарителска акција во Алкалоид

И оваа година хуманиот однос спрема секој човек и спрема заедницата го покажа со нова крводарителска акција на вработените во компанијата, реализирана по повод одбележувањето на 14 јуни – Светскиот ден на крводарителството.

Крводарителска акција во Алкалоид

Во крводарителската акција „Дарувај крв – спаси живот“, која се одржа во Центарот за едукација и за обуки на „Алкалоид“, во соработка со „Црвен крст“ и со Институтот за трансфузиона медицина, 150 вработени го искажаа својот хуман гест на доброволно дарување крв. Меѓу крводарителите во голем број беа вработените кои имаат повеќебројни дарувања и кои ја продолжуваат долгата традиција на дарување крв во компанијата, но во голем број беа и алкалоидовците од помладата генерација кои за првпат даруваа крв, што е уште еден доказ дека нашиот највреден ресурс, нашите вработени, секогаш и во сѐ помасовен број се подготвени да ги покажат своите хуманост и солидарност на дело.

Крводарителска акција во Алкалоид

Со организирањето крводарителски акции компанијата уште еднаш ги истакна својата заложба за хумано однесување и посветеноста за унапредување на корпоративната култура и на општествената одговорност, а во сето тоа поддржана од ентузијазмот за хуманост на своите вработени. Токму тие се и најголемите амбасадори на сето она за што се залага „Алкалоид“ и се вистински пример за посветени вработени и за општествено одговорни луѓе.

Крводарителска акција во Алкалоид

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11482 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.