Почетна » Новости » Актуелно » Скандалозно: Провокативен танц на девојка во долна облека пред деца на карневал во Лесковац

Скандалозно: Провокативен танц на девојка во долна облека пред деца на карневал во Лесковац

Скандал го тресе „Карневалот Лесковац“.

Акробатската група „УСП“ со несоодветен настап во долна облека ја вознемири јавноста. За време на нивниот перформанс, на сцената се појави девојка облечена во долна облека која изведуваше еротски танц пред насобраните гости, од кои голем дел беа деца.

Лесковац

Видео

@ivannovkovic8

♬ original sound - noke

По лавината реакции на социјалните мрежи и во медиумите, организаторите на настанот се извинија и ја прекинаа соработката со оваа група.

Со оглед на многубројните реакции на социјалните мрежи и порталите, по повод настапот на акробатската група „УСБ“ од Ниш на „Карневалот Лесковац“ чувствуваме потреба да го дадеме следново соопштение:

Акробатската група „УСБ“ од Ниш петти пат по ред учествуваше на Фестивалот на огнот на „Карневалот Лесковац“. Претходните четири настапи предизвикаа одушевување кај публиката, па по петти пат беа ангажирани од наша страна како организатори.

За првпат дел од нивниот перформанс беше спорниот настап. Како долгогодишни соработници, мислејќи дека нивниот настап како и претходните години ќе биде на високо професионално ниво, на наше големо изненадување, изведена е танцова точка каде и ние како организатори бевме изненадени од она што го видовме.

Во тој момент размислувавме да го прекинеме спорниот настап, но со таков прекин, сметавме дека ќе предизвикавме уште поголем скандал и пореметување во програмата.

Во оваа прилика чувствуваме потреба да им се извиниме на граѓаните на Лесковац и на пошироката јавност и да замолиме за разбирање за спорниот настап за кој чувствуваме морална одговорност.

По 4-годишна соработка, а поради проблемот кој го направија на петтиот настап во Лесковац, ве известуваме дека акробатската група „УСБ“ од Ниш од горенаведените причини никогаш повеќе нема да се појави на „Карневалот Лесковац“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11478 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.