Почетна » Новости » Актуелно » Систина Офталмологија прва очна болница акредитирана од Агенцијата за Квалитет и Акредитација на здравствени установи во Македонија

Систина Офталмологија прва очна болница акредитирана од Агенцијата за Квалитет и Акредитација на здравствени установи во Македонија

Систина Офталмологија, како водечка болница за очна нега, врз основа на исклучителниот начин на работа според највисоките стандарди на работа и грижа за нашите пациенти во изминатите 13 години, стана првата акредитирана очна болница во Македонија.

Систина Офталмологија

Акредитацијата е спроведена и доделена од Агенцијата за Квалитет и Акредитација на Здравствени установи а служи како признание и доказ за беспрекорната посветеност на нашата болница кон своите пациенти и за секојдневниот стремеж за извонредност во офталмологијата. Систина Офталмологија ја доби највисоката оценка и максимален период на акредитација од 5 години.

„Горди сме на овој успех кој од една страна претставува потврда за досегашното работење засновано на работа според воспоставени процедури и протоколи и воедно е поттик за идно унапредување. Агенцијата за квалитет и акредитација беше огромна поддршка во овој заенички процес кој неминовно беше деќа ќе заврши успешно. Целокупното работење на Систина Офталмологија е според највисоките стандарди имајќи го пациентот во фокусот на сѐ она што го работиме. Овој успех е резултат и на тимската работа на вработените во болницата и заедничакта заложба” – изјави медицинскиот директор д-р Златко Арнаудовски.

Систина Офталмологија

Оваа Акредитација е потврда за позицијата на Систина Офталмологија како лидер во офталмолошките услуги во регионот, која работи според најсовремени третмани, поддржани од тим на висококвалификувани медицински офталмолози, хирурзи, медицински сестри и анестезиолози.

Систина Офталмологија

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11594 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.