Почетна » Новости » Актуелно » Секоја чест! Кардиохирурзи од Ниш работеа 100 дена без надомест за да ја елиминираат листата на чекање за операции

Секоја чест! Кардиохирурзи од Ниш работеа 100 дена без надомест за да ја елиминираат листата на чекање за операции

Вработените во Клиниката за кардиохирургија во Ниш направија потег за почит и го одушевија регионот.

Знаејќи за последиците од чекање со месеци за термин за операција, овој медицински персонал реши да ги преземе работите во свои раце и да ја елиминира долгата листа на чекање за операции.

Тие работеа прекувремено, 12 последователни викенди и конечно си ја постигнаа целта.

Кардиолози од Ниш

Отсега пациентите нема да чекаат неколку месеци за операција, туку истата ќе може да им биде извршена за 1 до 2 недели.

„По речиси 100 дена и 12 последователни работни викенди во кои персоналот работеше без паричен надоместок, Клиниката за кардиохирургија во Ниш ја постигна целта. Листите на чекање беа елиминирани и преместени на листите за закажување. Пациентите повеќе нема да чекаат за операција 4-6 месеци, туку 7-15 дена“ – пишува во статус на Twitter д-р Драган Милиќ, директор на Клиниката за кардиохирургија.

Во овие 100 дена биле направени 248 операции.

Кардиолози од Ниш

„Нашите пациенти умираат пред да стигнат на ред. Затоа, ќе оперираме секој викенд, сè додека списоците на чекање целосно не исчезнат“ – напиша друга членка на персоналот.

„Среќен сум што нашите пациенти добија нова шанса да уживаат во животот со најблиските“ – дополнил д-р Милиќ.

Кардиолози од Ниш

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11245 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.