Почетна » Новости » Актуелно » „Се тресам“: Новак Ѓоковиќ се расплака кога со српските кошаркари беа дочекани како херои во Белград

„Се тресам“: Новак Ѓоковиќ се расплака кога со српските кошаркари беа дочекани како херои во Белград

Силните емоции го надвладеаја Новак Ѓоковиќ на заедничката прослава со српските кошаркари во Белград.

По освојувањето на УС Опен, 36-годишниот тенисер беше пречекан како херој на нацијата заедно со кошаркарите кои од Светското првенство во кошарка се вратија со сребрен медал. Илјадници обожаватели на спортот го извикуваа неговото име додека тој плачеше на балконот од „Стариот двор“ во српската метропола.

Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ

Во својот говор тој им честиташе за огромното постигнување на кошаркарите и рече дека е остварување на детски сон да се биде покрај нив.

„Се тресам, не знам што да кажам, а многу би рекол. Најпрво сакам да им честитам на нашите кошаркари за феноменалните успеси. Им благодарам што прифатија да бидам дел од ова славје и заедно да се дружиме вечерва. За мене ова е остварување на детски сон. Кога бев дете, како многумина од мојата генерација бев тука, во толпата, и славев за многу медали со нашите шампиони, нашите славни кошаркари, ватерполисти, одбојкари, сите големи луѓе кои ја претставуваа Србија на најдобар можен начин во светот. Ова за мене е нереално, непроценливо и незаменливо. Ова е чувство кое нема да се повтори“ – рече Ноле.

Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.