Почетна » Новости » Актуелно » Се плашела дека ќе биде силувана и убиена: Ким Кардашијан на судењето на луѓето кои ја ограбија во Париз во 2016 година

Се плашела дека ќе биде силувана и убиена: Ким Кардашијан на судењето на луѓето кои ја ограбија во Париз во 2016 година

Ким Кардашијан се врати во Париз за да сведочи на судењето на крадците кои ја ограбија во хотелот во кој престојуваше за време на Париската модна недела во 2016 година.

44-годишната риалити ѕвезда, која се стреми да стане адвокатка, пристигна во судот со мајка си Крис Џенер. Ким се соочи со 10-те обвинети кои пред речиси една деценија ѝ вперија пиштол во главата, ја врзаа и ѝ украдоа накит во вредност од 10 милиони долари.

Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан

Пред судот, Кардашијан рече дека се плашела дека ќе биде силувана и убиена.

„Бев сигурна дека тоа беше моментот кога тој ќе ме силува. Апсолутно мислев дека ќе умрам“ – рекла таа.

Ким Кардашијан

Еден од обвинетите, Аомар Аит Кедаче, ѝ се извини на Ким за болката која ѝ ја нанесе. Иако таа му опрости, рече дека извинувањето не може да ја избрише нејзината траума.

„Ова искуство го промени мојот живот, животот на моето семејство. Работам во правниот систем и отсекогаш верував во втори шанси. Сум запознала лица кои направиле ужасни злосторства. Се обидувам да сочувствувам со нив, но исто така се борам и за жртвите. Го ценам писмото.“

„Ви простувам, но тоа не ги менува емоциите и траумата и како ми се промени животот“ – рекла таа.

Ким Кардашијан Ким Кардашијан

Ким била таргетирана од крадците, бидејќи постојано споделувала детали каде се наоѓа. Оттогаш, нејзиниот пристап кон социјалните мрежи и нејзиниот живот многу се промениле.

„Повеќе не објавувам во реално време. Правам фотографии и видеа и ги објавувам кога ќе заминам, за луѓето да не знаат каде сум.

„Кога луѓето се качуваат по скалите, ако им викнам и ако тие не одговорат, започнувам да плачам. Еднаш ова ми се случи пред моите деца. Се обидувам да бидам силна. Имам многу обезбедување пред мојата куќа, дури и ако тоа е претерано за другите луѓе, тоа е она што морам да го направам за да се чувствувам безбедно дома“ – рекла Ким.

Ким Кардашијан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25588 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.