Почетна » Новости » Актуелно » Се враќаме на високи бројки: 183 новозаразени, 102 оздравени и 5 починати од коронавирус кај нас

Се враќаме на високи бројки: 183 новозаразени, 102 оздравени и 5 починати од коронавирус кај нас

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.769 тестирања, а има 183 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје 51
  • Куманово 7
  • Дебар 4
  • Штип 1
  • Прилеп 15
  • Тетово 13
  • Струга 4
  • Велес 3
  • Битола 6
  • Охрид 5
  • Кавадарци 5
  • Гостивар 9
  • Гевгелија 3
  • Струмица 7
  • Крива Паланка 4
  • Радовиш 3
  • Кочани 20
  • Пробиштип 2
  • Македонски Брод 1
  • Берово 3
  • Валандово 3
  • Виница 4
  • Делчево 5
  • Свети Николе 3
  • Ресен 2
Коронавирус податоци

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 102 оздравени пациенти од:

  • Скопје 38
  • Куманово 12
  • Штип 5
  • Прилеп 8
  • Тетово 3
  • Струга 4
  • Битола 12
  • Кавадарци 3
  • Гостивар 2
  • Крива Паланка 2
  • Кочани 4
  • Пробиштип 3
  • Пехчево 1
  • Берово 2
  • Делчево 1
  • Кичево 2

Починати се 5 лица, пациент од Скопје (51г), од Дебар (68г), од Крива Паланка (58г), Радовиш (71г) и пациент од Кочани (66г). Сите се починати во болнички услови.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 73 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на КОВИД-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8, а вкупно хоспитализирани се 32 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 158, позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.049, бројката на оздравени пациенти е 14.186, на починати е 710, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.153.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10625 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.